@Генерал Ајде честито друже, па да се гледаме во финалето на конференцијата.
Траст д процес го прогласувам за умрено, и баш ми е мило, барем до октомври ќе одмориме глава од лиглето, фала Никси.
Фала брате, за Селтикси си? Најверојатно ќе имаат тешка серија со Кливленд (пошто мислам дека Кливленд ќе тепа уште една и оди понатаму - ех шо Њујорк не си го има Мобли, зборав и лани за него кога игравме едни против други со Кливленд, радо би му дал шо сака за да дојди во екипа) ама од друга страна Њујорк ќе има тешка серија со Индијана пошто Халибуртон душа ќе им извади со пресечени топки и асистенции.
Шо да кажам за сношти/сабајлево, на нозе ја догледав пошто мораше веднаш од ко заврши да тргнам за на работа.
На двата тренери им текна (конечно) да користат играчи како Бади Хилд и Донте ДиВиченцо и видовме кој беше бенефитот.
То шо некој посалам тренер ќе го забележи кај Никси и ќе го искористи е следното:
1. Некаде при резултат 102-97 или 101-97 *(тука некаде беше, не ме држите за збор) топката се движи и иди до Брансон,
инсистираше на 2 пати да креира шут за три и два пати беше одлично покриван,
а ако направеше при првиот контакт чекор внатре кон кошот ќе имаше сигурни 2 поени. Едноставно не смееш да коцкаш мала предност, ако немаш шут за 3 тогаш оди за 2 шутни и зголеми предност.
2. Во следниот напад, одат Фила преку спомнатиот Тобијас Харис. Е овај ако не го раниш цела утакмица со топки и шутеви па да му тргни тогаш не го барај на крај.
ЗНАЕШ дека нема ефикасност никаква цела утакмица, го оставаш да шутни од полудистанца (паметно) А
МА не го градиш рекетот пошто големи се шансите да промаши па да ја собериш топката во клучен момент за натпреварот и иди Убре си скока помеѓу тројца играчи на Никси, ја фаќа и куца топката.
КАКО БЕ не знајте или треба некој да ви објаснува и нацрта дека во такви ситуации чекаш овај ајванот да љуфни и мора да имаш дефанзивен скок?
3. Следен напад, мислам Донте беше се најде во иста ситуација ко Брансон погоре и пошто Донте е паметен и има искуство колку толку од вакви натпревари (плус со Стеф играл, тренирал, учел секако) наместо шут за три си ојде батето на сигурно и си ја положи за 2 поени.
БАГАТЕЛА во таков дел од натпреварот.ѐ
Брансон, иако е веќе МВП играч, сепак има грешни одлуки во вакво опкружување и дел од натпревариот. Не е безгрешен, не е робот. Минаиот пат ја продај топката ко пробваше да шутка или подава кон Хартештајн (само тој си знај), сега овој натпревар овие грешки од погоре + многу зема индивидуални шутеви и влезови кога ќе одмори после тајмаут, наместо тоа треба да разигрува играчи.
На крај,
главната препрека ќе биди Тибодо. Никаков сенс за тајмаути, никаков сенс за да смени играчи (ДиВиченцо го чуваше на клупа прошлата утакмица), играта не ја прати мисли дека доста е од дома да иди „со домашно“, некоја акција и некоја одбрана нацртани и чао, завршена работа.
Клиперси ќе испаднат ваљда, штешта до Тајрон Лу не можиме да се добериме, а ко мелем на рана ќе ни дојди. Само ова магарето никој нема да го истера од тимот.
Со Индијана можи и потешки утакмици да се и прашање е дали ќе се победува на ваков начин и со ваква игра.