Постапно ќе ги одговорам сите прашања, и ќе објаснам од каде тргам јас.
Долгорочно гледано, трејдот што јас ти го понудив, односно играчите што јас ги нудев на ниво на сезона беа 0.4 поени послаби од твоите двајца. Јас ги понудив Вол и Беверли. Вол сезонава игра како топ 10 играч и е рангиран 9 на ниво на сезона (иако се враќаше од повреда и имаше спор почеток), последниве 2 недели е 4 рангиран играч, а во тој простор изиграл 9 натпревари. Значи во нагорна форма е. Беверли игра во системот на дантони и е многу продуктивен, стартер во неговиот тим, и незаменлив дел од одбраната. Неговите поени не се базираат на напад туку на одбрана, има голем број на скокови и доста често краде барем по една топка. Исто се врати од повреда и неговата форма е во нагорна линија.
Од друга страна ги барав Кемба и Пол Џорџ. Пол Џорџ е 28 играч сезонава, константно си носи околу 23 поени што е 5-7 поени помалку во просек од Вол. Значи сега јас овде нудам играч кој има 5-7 поени помалку од Кемба(Беверли во случајов).
Кемба е 34 играч сезонава и е во криза невидена последниов месец, од кај да знам дека не влече некоја повреда. Веројатно е прв играч во Шарлот (незнам како се распоредени со Батум), ама како што кажав поминува низ лош период моментално и згора на тоа бележи 22.5 поени сезонава, што се 5.7 поени повеќе од Беверли. Или конкретно 45.9 спрема 45.5. Ако одиме на други статистики последните 30 дена 47.4 против 42.7 , последните 15 дена 53 против 38.5. Ова по мене е фер трејд.
Нема да пишувам многу за другиот трејд, зашто ми го побара Чендлер +, а во замена го додаде Шамперт или сезонава разлика од 10 поени. Ако се враќаме назад исто таа разлика ќе се зголемува. По мое, јас преземам ризик дека Кемба ќе се оправи во формата за да го победам трејдов, зашто ако не се поправи јас изгубив топ 10 играч сезонава.
Уште еднаш ќе кажам, за мене најмеродавна статистика е последниве 30 дена, зашто сметам дека еден играч во последниве 30 дена може да покаже колку знае. 7 дена е hot streak, 15 дена веќе покажува нешто, ама 30 дена ги сметам за сосема доволни. На почеток на сезона имаше играчи што газеа, како Нуркич пример, сега нигде го нема. За Јокара, не го трејдам братот, зашто мислам дека има потенцијал за 25+ поени, тренерот му дава констатно поддршка и наскоро треба да почне да игра по 30 минути, претходно го спомнав само за пример, дека долгорочно го сметам барем јас за подобар играч од некој што носи 18 поени во просек, колку што има он моментално ако се собере сезонава. Во контекст на трејдов и да ми понудиш Кемба за Јокич ќе одбијам.
Истотака единствен начин да знам колку и како си ги цените играчите е да ми вратите контра понуда, сите си ги цениме играчите различно.Барем по мене комуникацијата е клучна за комплетирање на еден трејд.