Навики при заспивање

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Морам да слушам музика пред да заспијам така што се будам со слушалките заплеткани околу раката или пак ги замарам очите со моб.си типкам некаде без врска:)
 
VH1 Classic на телевизорот и автоматски заспиваш со добри хитчиња (y)
 
Пуштам епизода најчесто од серија, без разлика дали сум ја глеал претходно :)
 
Исто. Едната рака ми е под перницата на која спијам, а со другата рака ми е гушната другата перница.
И како се вртам во сонот, така со себе си ја носам перницата.
Плус имам една помошна...се дешава и двете да ги гушнам и така да спијам :pos:
 
Ја гмечам перницата од сите страни, раката ја пикам под перница и зафаќам што е можно повеќе простор од креветот. А последните неколку недели си инсталирав на мобилен апликација со различни звуци на дожд грмотевици, водопади итн и без тоа неможам да заспијам...ама ќерката ми се буни ја терало на вц често :icon_lol:
 
Легнување, местење тајмер на ТВ на 30 мин., пуштам Discovery ID и чекам... :)
 
Не дека сакам ама најчесто се присеќавам на некои ситуации од тогашниот ден, разговори, однесувања на некои луѓе и слично...исто така неколку пати ми се случило ако сум имал испит тогаш да ми текни каде сум згрешил во задачата и да станам да ја пререшавам.
 
Дефинитивно со музика и разбудување со музика слушалките на уши и тоа... секој пат :) освен кога сум со девојка тогаш таа опција е исклучена :icon_lol:
 
Обавезно со пуштен телевизор, уз гледање ТВ најубаво заспивам.
 
Се местам во единствената поза во која можам да заспијам, десната рака под перница со подлактицата крената нагоре, левата рака со тупаница кон вратот, на стомак, свртен на левата страна, со исправена десна нога и полусвиткана лева нога. Поради ова не можам да заспијам на потесен кревет... Кога си легнувам автоматски вака се местам, жена ми ми се лути дека не сум бил свртен кон неја, на што јас и одговарам ако сака да ги смениме страните од креветот :D , што не е баш практично, креветчето на синот е од нејзината страна :D Кога спијам вака може и воз да минува на 1 метар од мене, не се будам и тотално ништо не ми смета, а ако сум малку „изместен“ стално се будам, имам кошмари или ќе се разбудам уморен. Оваа поза која ја користам некаде прочитав дека му смета на грбот (р'бетот), намалува циркулација во десната рака и ред други негативни работи, но само вака можам да спијам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom