Наркомани vs дилери

Добро мислам , тие што си одгледуваат дома е само прашање на време коа ќе сфатат дека можат да заработат од тоа срање и го претворат во бизнис и ете ти пак дилери. А тие што нарачуваат преку интернет , пак треба од некој да го порачаат , што значи сепак има некој дилер од кој ги купуваат . Додека има дилери ке има и наркомани , а бидејќи не е можно да нема дилери тоа значи дека ќе има наркомани... Сеа и во иднина .... Колку ни е убава иднината ?!?!?!?!

Иднината на секој ќе му биде онаква како што сам ќе си ја направи. Индивидуално е тоа. Не може тебе некој да ти каже како да го живееш животот. Има различни ситуации кога наивно запаѓаат во такво друштво сиромашни деца и стануваат крадци и најлоши во опшеството, ама сепак и самите требало да бидат свесни кон каде води тоа. Можеби на некои тоа им изгледа последен избор па затоа немаат каде... Не сум компетентна да зборувам и реков не можам да направам некоја разлика, за мене се виновни и едните и другите.
 
Као шо пиша некој пред мене...

Шо е постаро јајцето или кокошката?
 
Не може да нема дилери, не може да биде човештвото толку генерално морално за да нема такви работи за да не се уништуваат млади убавки животи. Ги сакаме најслабите во синџирот, секогаш ни тропкаат повесело џебовите од нив на нивна сметка. Тоа е фино цементирана човечка особина и крај, ќе си живееме со неа.
А кога ќе се смисли попродуктивен начин да се отарасиме од истата, пишете го ОДМА па ќе видиме шо може да се направи.

Од друга страна, не можеме да се отарасиме ни од наркоманите бидејќи покрај алчноста, сосема природно ја поседуваме и зависноста, и љубопитноста и креативноста во експериментирањето.. и слабоста. Ама сепак можеме да редуцираме под одредени услови.

Значи за својот интересен карактер, живот, и хепи хепи ендинг криви си се наркоманите секако, дилерите се само бизнис луѓе, и да не ги садиш ќе никнат.
 
Абе будали како може да викате дека дилерите се виновни за тоа шо се шири користењето на наркотици...Точно е дека се виновни до некаде ама сигурно нема да трчаат наоколу и да прашуваат кој сака дрога па да завршат во станица туку имаат луѓе од доверба на кој им даваат..А кога веќе некој е решен да дила не заборавајте дека се става на ризик...Тоа го прават обично луге шо се во слаба финансиска состојба.....Имам многу да кажуам на темава ама моментално ме мрзи оти знам како одат сите процедури на дилањето и се шо е поврзано во врска со тоа
 
НИ ЕДНИТЕ НИ ДРУГИТЕ ДА ГИ НЕМА ОД ПЛАНЕТАВА БИ БИЛО НАЈУБАВО мислам како шо кажа Crazy in love доколку не се дилерите да ке ги нема ни наркоманите
 
НИ ЕДНИТЕ НИ ДРУГИТЕ ДА ГИ НЕМА ОД ПЛАНЕТАВА БИ БИЛО НАЈУБАВО мислам како шо кажа Crazy in love доколку не се дилерите да ке ги нема ни наркоманите
Сањај друже, тоа никад :wink:
Сите знаеме кој ги пушта дилерите на улица и ги контролира, а џаначиња си се раѓаат секој ден.. тоа е :helou:
 
Помфеси се дилерите зш праат пари.:salut:
 
ни тоа ни ова...

Oh, come on. Pick one. Џену има интересен начин да ве тера да пишете опширно.

Jaс би.. фузија. Наркомандилерите. Ојеа.

Многу потенцијал гледам во темава за чек дис аут.
Но, генерално земено неможете да обвините едно од две зла. Префрлувајќи ја вината на една страна за модернизација и ширење на дрогата меѓу младината не се случува никаков прогрес. Ако воопшто се планира да се стори нешто околу тоа, треба да се удри во стеблото на овие две гранки. А, смртна казна за никој. Секој со свој порок, еи.

Fuck. I sound like an addict. Kill the junkies.
 
..Копга би одбирала,секако дека дилерите.ЗАшто тие се оние кои го носат и распродаваат и така настануваат наркоманите.Зависниците.РЕтко некој дилер да е зависник од дрога.

Казна...само за дилерите.
 
Дилерот и наркоманот се мање више споредни у приказната.
Суштината е у државите и нивните врвови кои ја дозволуваат и имаат дебела корист од трговијата со дрога. Без нивен амин, нема да има ни дилери, ни наркомани.

Затоа, ми е страшно иронично кога државите се борат наводно против бизнисот со наркотици и наркоманите, а се самите тие главни учесници и профитери од истото.

Идентична ваква ситуација има и у трговијата со цигари, алкохол...

Се на се, самите челници на државите имаат преголема корист и од наркотиците, и од цигарите и од алкохолот, за да вистински се потрудат да ги засечат во корен.

Оттаму, залудно ми изгледа било кој да биде казнуван од истата таа држава кога се работи за ова (настрана што сум дефинитивно против смртна казна).
 
според мене во затвор треба да одат дилерите на тешки дроги бидејки тие се воедно и убијци на многу млади, а наркоманите треба во болница на лекување, бидејки завист од дрога е најлошото што може да му се случи на еден човек денес
 
Дилерот и наркоманот се мање више споредни у приказната.
Суштината е у државите и нивните врвови кои ја дозволуваат и имаат дебела корист од трговијата со дрога. Без нивен амин, нема да има ни дилери, ни наркомани.

Затоа, ми е страшно иронично кога државите се борат наводно против бизнисот со наркотици и наркоманите, а се самите тие главни учесници и профитери од истото.

Идентична ваква ситуација има и у трговијата со цигари, алкохол...

Се на се, самите челници на државите имаат преголема корист и од наркотиците, и од цигарите и од алкохолот, за да вистински се потрудат да ги засечат во корен.

Оттаму, залудно ми изгледа било кој да биде казнуван од истата таа држава кога се работи за ова (настрана што сум дефинитивно против смртна казна).
+1
ova e vistina



samo da dodadam ..poveketo postovi od ovaa tema e mnogu amaterska i voopsto ne korespondira so realnosta
 
А шо да правиме со сите пијаници?! Да ги испоубиеме пијаниците, или пиварите и визбите??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom