А зошто ги поистоветувате?Има три вида наркомани,и неможе сите да ги ставите во ист кош:
Богати деца кои немаат на што да си ги потрошат парите,па ете некој им кажал дека да шмркаш бело е кул,па си навлекле и после го цедат и последниот денар за да најдат...за осуда.
Средна класа-деца кои сакале малку да експериментираат а и имале некој денар повеке од матура,па ете си дозволиле едно лето да се дружат со дрога,најчесто марихуана.Во секој случај мислам дека е многу тешко за нив да се навлечат на дроги,бидејки најчесто со крајот на средствата,завршува и авантурата.
Најзагрозениот вид се деца кои секојдневно трпат срања,бидејки се малку поразлични од другите,можеби немаат толку пари или немале девојка досега.Исполнети се со комплекси.Главна цел на дилерите.Најчесто воопшто немаат допир со марихуана,туку почнуваат со трамадол,кој им ја дава потребната самодоверба,ги врака во живот.
Убаво е,се додека апчињата престанат да делуваат.Тогаш преминуваат на хероин и се случува масовно продавање на ствари оддома.Ако се заштитат тие деца,дилерите ке имаат многу помало влијание...