Воопшто не е економична, баш напротив. За споредба да ти го пренесам моето искутво Haier Tundra Green 5.5-ка (AS50TDBHRA/1U50ЈEFFRA). Монтирана е во дневна со кујна 42 м2 во поткровје од куќа, ѕидови гола цигла од надвор а одвнатре само малтарено, таванот солидно изолиран (15 cm стаклена волна и 2 cm стиродур), 3 зида отворени кон надвор (север, исток и југ), долу не се грее. Во ноември ја пуштам на 23Ц и до мај единствено што менуваме е дали ќе биде во прав или во втора брзина. Освен климата и останатите секојдневни потрошувачи (бојлер, рерни, плотна, тв, фрижидер итн.) секојденвно е вклучена панелка Термор 2 kw во спална соба во периодот од 21:00 до 06:00. Немам мерачи ниту за температура ниту за потрошувачка но сам си го читам саатот за потрошена ел.енергија и ги пријавувам вредностите на сајтот на ЕВН. Најголема сметка која ми има дојдено е токму овој јануари и истата e 6363.
Така што 6700 за изолиран простор е поприлично многу.
Прегледај го приврзокот 325842