Тажно. Одличен актер беше. Баш еден од последните филмови кои ги гледав, минатиот месец како предлог во Secret Valentine темата беше Body Heat со него. Иако веројатно сите ќе го споменуваат по одличната изведба во Kiss of the Spider Woman во улогата на трансродова личност - затвореник, за мене ненадмината ќе му остане улогата од Children of a Lesser God. LB вели дека глумел во 99 филма. Гледани само 12 (ќе треба да се потрудам повеќе).
Ако не ти е гледан The shape of water, гледај го, може ќе смениш мислење за најслаб негов филм.
Најтмер мене ми беше над просек, но мислам дека го преценив.
Ако не ти е гледан The shape of water, гледај го, може ќе смениш мислење за најслаб негов филм.
Најтмер мене ми беше над просек, но мислам дека го преценив.
Правев муабет со едно девојче за филмови, ме прашува кои ми се омилени, и' кажувам, она ми вика, аа ја сум по меинстрим, омилен ми е Crimson Peak од Дел Торо.
И го изгледав вчера. Што филм беше ова, малеее. Предвидлив филм, после 10 минути го погодив дејството. Па уште на LB читам споредби со Pan's Labyrinth.
@grande-juve зошто не ми се појави ко духот во филмот што викаше Beware of the Crimson Peak?! Ќе ми спасеше 2 саати.
После филмов пуштам Taste of Cherry на Киаростами и гледам 90 минути како лик се вози низ пусти места и повремено среќава други луѓе и си муабети со нив, уживанција. Снимен со буџет од 10 кила нафта и една музејска карта, ама универзален филм со добро сценарио, филм каков што може да сонуваме во Македонија.
После филмов пуштам Taste of Cherry на Киаростами и гледам 90 минути како лик се вози низ пусти места и повремено среќава други луѓе и си муабети со нив, уживанција. Снимен со буџет од 10 кила нафта и една музејска карта, ама универзален филм со добро сценарио, филм каков што може да сонуваме во Македонија.
Правев муабет со едно девојче за филмови, ме прашува кои ми се омилени, и' кажувам, она ми вика, аа ја сум по меинстрим, омилен ми е Crimson Peak од Дел Торо.
И го изгледав вчера. Што филм беше ова, малеее. Предвидлив филм, после 10 минути го погодив дејството.
Кримсон Пик го гледав пред многу години во кино, другарка ме убеди да идеме многу бил добар. Ок беше филмот ако добро се сеќавам имаше некој добри хорор моменти.
Кримсон Пик го гледав пред многу години во кино, другарка ме убеди да идеме многу бил добар. Ок беше филмот ако добро се сеќавам имаше некој добри хорор моменти.
другарките не служат за ништо
или имаш некаков личен интерес кај неа, или немаш
толку е
Автоматски споено мислење:
Тонот на филмот е врвен параметар кој одлучува многу.
Кога се прават римејци, продолжетоци, или прикуели, запазувањето на тонот е примарно, IMO. А сепак не се држат до тоа сите, oд икс причини.
Врвен пример, мене лично, ми се Тhe House - филмовите. Сите три гледани во кино (веројатно кога повеќето од вас не ни биле родени, али таа информација е сосема нерелевантна). Елем, The House беше хорор-комедија која во вториот дел беше повеќе комедија отколку хорор, а во третиот скоро ич хорор немаше.
Значи, што е поeнтата? Поентата е во фактот, дека ти кога ќе решиш да им дадеш пари за да гледаш продолжеток, ти очекуваш, во најмала рака, филм со ист тон како претходникот. Не можеш ти од следбеникот на Event Horizon да очекуваш тон како во Spaceballs. Нели?
Сепак најголем престап прават оние кои ќе се одлучат да мешаат тонови во еден филм (Last Jedy, Justice League на Џош Видон...). Тоа обично прераснува во урнебесна салата во која режисерите се должни да штиклираат (по налог на студиските бордови, најчесто), повеќе од едно квадратче во задолжителната структура.
Секогаш кога уметничкиот порив се обременува, кочи, со однапред зададени параметри, резултатот е задолжително ефемерален.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.