LG е многу добра клима... но види вака, ако те прашам да дефинираш што во твојот сл значи “стара Он Оф клима“ ... ти ќе речеш 15-20 години. Погледни по прозори и тераси сеуште брмчат на -15 Он-Оф клими од Panasonic, LG, Hitachi...стари 20год.... Но една работа, познати ти се поимите од економија девалвација депресијација ревалвација апресијација .... да ти биде појасно ако климава е земена пред 20 год тогаш ЛГ ОнОф климите беа со цена 18-20,000, Панасоник инвертер кинески чинеше 40,000, а од Малезија 50-60,000.... но исто така Golf III кошташе 17,000DM, а знаеме курсот на ЕУР: ДМ беше 1:2 но и Денес Govf (кој ли е најнов) 7ца кошта тука или некоја илјадарка поскапо 18-19,000 Евра.. Зошто? И Еврото е подложно на губење вредност, а ич да не праиме муабет за Денарот!.... Колку тогашни минимални плати коштала климата ЛГ? Цели 3? Е па помножи ја сегашната минимална плата со три... и види ја вистинската денешна вредност на ЛГ ОнОф климата што ја фалиш ... толку би коштала колку цените од кои ти се “небулоза“ +40 Денари! Денес еден ОнОф кој велиш не грее пониско од -2 јас би рекол -5*Ц, кој го произведуваат кинески компании кошта толку колку една минимална плата (12-15,000 Денари) .... инаку бренд компании како LG Mitsu Toshiba, Panasonic Fujitsu Hitachi ... веќе подолго време не произведуваат Он-Оф клими ... мислам дека за година дена воопшто ќе нема во земјите на ЕУ понуда на ОнОф клима... и знаеш зошто? Затоа што се поекономични инвертерите, барем 20% можеби и повеќе од Он-Оф климите... и тука да немаш дилема колку и да те разубедуваат на форумов или каде и да е! И денес LG е врв во греењето со инвертери, имаат модел хиперинвертер, меѓу најдобрите 10 оценети во Европа во класа клими од 4-5kW, во енергетска класа оценет со A+++/A+++ Техниката оди напред.