- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.854
LG е многу добар бренд за клими... но види вака, ако те прашам да дефинираш што во твојот сл. значи “стара Он Оф клима“ ... ти ќе речеш 15-20 години. Погледни по прозори и тераси сеуште брмчат на -10, -15 Он-Оф клими од Panasonic, LG, Hitachi...стари 20год.... Но една работа само, познати ти се поимите од економија девалвација депресијација ревалвација апресијација .... да ти биде појасно ако климава е земена пред 20 год тогаш ЛГ ОнОф климите беа со цена 18-20,000, Панасоник ОнОф од 20-25К, кинески чинеше 40,000, а од Малезија 50-60,000 Ден.... но исто така пред 20год Golf III кошташе 17,000DM, а знаеме курсот на ЕУР: ДМ беше 1:2, но и Денес Golf (кој ли е најнов) 7ца кошта тука некаде, или некоја илјадарка поскапо како цифра 17-19,000 Евра.. Зошто? И Еврото е подложно на губење вредност, а ич да не праиме муабет за Денарот!.... Колку тогашни минимални плати коштала климата ЛГ? Цели 3? Е па помножи ја сегашната минимална плата со три (да не бидам погрешно разбран минималната не е зголемена поради прогресивни владини политики, туку поради инфлација)... и види ја вистинската денешна вредност на ЛГ ОнОф климата што ја фалиш... толку би коштала колку цените од кои ти се “небулоза“ +40 Денари! Денес еден ОнОф кој велиш не грее пониско од -2 јас би рекол -5*Ц, кој го произведуваат кинески компании кошта толку колку една минимална плата (12-15,000 Денари) .... инаку бренд компании како LG Mitsu Toshiba, Panasonic Fujitsu Hitachi ... веќе подолго време не произведуваат Он-Оф клими ... мислам дека за година дена и воопшто ќе нема во земјите на ЕУ во понуда ОнОф клима... и знаеш зошто? Затоа што се поекономични инвертерите, барем 20% можеби и повеќе од Он-Оф климите... и тука да немаш дилема, колку и да те разубедуваат на форумов или каде и да е! И денес LG е на врвот во греењето со инвертери со јапонците, имаат модел хиперинвертер, меѓу најдобрите 10 оценети во Европа во класа клими од 4-5kW, во енергетска класа оценет со A+++/A+++ Техниката оди напред.Какви небулози. Зборите за клими од 30.000, од 50.0000, од 90.000 ден. а денес наутро мислам дека беше -7 ја пуштив на работа една стара клима ЛГ, си надрука фреон и почна да топли, и тоа со добро топол воздух. Кога ќе ми текне дека тука збореа за клими од +70.000 што греат со 200вати ми се гади. Инаку потрошувачката претпоставувам е иста со инверторот, прави оф он на 5-6 минути. Да не се излаже некој, новите он оф клими немаат благе везе со старите, ставени се компресорчиња а мислам дека и софтверски се некако ограничени да не греат на повеќе од -3. ПС, утре ќе провериме на -11 па ќе видиме.
Последно уредено:

