Си се насмеав оти ти несакајќи дојде до проблемот на тие "матни" класификации! Нема стандард што кажува "Нордик",секој производител си лепи име какво сака за нивните клими за длабок минус.
Инаку наведената е клима за ладна зона,гледаш како повеќе дава на -15 отколку на -7,-10ц...
За споредба само,митсу ФХ дава 3.6кв на -10 и оттука надолу само губи капацитет!
Фала на одговорот.
Постојат многу нејасни каталошки објави во врска со моделите најверојатно на сите производители.
Ние кои не сме со стручно предзнаење , многу тешко доаѓаме до вистинските податоци. Новите потенцијални купувачи не се снаоѓаат. А се покажа последниов месец дека имаат голема потреба.
Овде на форумот во овие 10 год има доста корисни работи, ама нема шанса некој кој се одлучил пред месец-два да купи клима, да ги " пофати конците" и барем приближно правилно одреди кој уред ќе му треба за неговиот простор.
Убаво би било да им се помогне.
Потребно е повремено да се повторат основите
- изолација , топлотни губитоци на просторот кој ќе го затоплуваат
- видови на инверетери по моќ и намена
- монтирање
- одржување
Има многу членови кои стручно напишале за секоја област.
Некако поедноставно да се упатат.
" Научната расправа" на поедини членови нека остане како зачин на форумот, не како патека која треба беспоговорно да се следи.
Ве поздравувам