Da, zaborajv da mu kazam na
@mdeni deka site ovie sobi se so ispushteni erkeri i site se strog sever.
Како и да е. Сомневањата ми се преголеми за воопшто да се дискутира на некои поедноставни решенија. Јас дури се сомневам дека не е градено со цигли туку со бетонски блокови можеби? Или тоа или циглите се редени странично со коморите во долж, наместо по ширина. Или пак е полна цигла?
1.
Како и да е, било што било. Сето ова се решава со надворешна изолација. Дури и веќе редовно се ставаат 12ки цигли кога се планира надворешна изолација, и резултатот е одличен. Значи во секој случај мора да погледнеш барем 5цм надворешна изолација да се стави што е можно поскоро. Бидејќи парите ти ги даваш на ЕВН, а вака ќе ги дадеш еднаш, ама потоа ќе имаш многу поголема удобност и сметки. Нешто е утнато, ама не е страшно зошто тоа е решливо на овој начин. Значи ЦЕЛИОТ надворешен дел мора да се покрие со 5цм стиропор, сосе столбови, сосе плочи, сосе еркери, греди се. Се, се, се. Бидејќи не е ова класично проблематично место како кај мене 18ц на пример на неизолираните неколку делови, па ајде ќе ставиме од внатре 2цм стиропор и решено. Овде има фундаментални работи кои не се добри. Ако ставиш делумна изолација, ладните делови многу брзо ќе појавуваат мувла.
Може и повеќе од 5цм, но не помалку. Ако има простор за 10цм минимум во делот на еркерите (испод испуштеното) би било одлично, а остатокот 5цм.
Тоа е едно. И решливо. Скапо ама решливо.
2.
Друго. Заптивање, задихтување на прозорци и врати. Сите прозорци и врати МОРА да се задихтувани!!! Петсто пати кажано. Сите гуми мора да лежат, да не дувка. Допирот со ѕидот да е со силикон поминат. Проверката на СИТЕ делови мора да се направи вака најлесно со свеќа. Пламенчето не смее да МРДНЕ. Мрдне ли пламенчето тоа се вика „хотел промаја“. Помини ги сите делови вака со свеќа и следи го пламенот дали ќе мрда. Може и со дим да се направи проверката ама е покомплицирано.
Ова може да е голем проблем. Ако има некое искривување на прозорците ќе се појави дилатација кај рамката и нема да налегне прозорецот. Е тоа веќе е проблем зошто многу тешко се решава. Треба да се проверат како што реков комплетно сите прозорци дека не мрда пламенчето. Каде што мрда мора да се види зошто мрда. Две опции има, едната е дека има процеп меѓу ѕидот и рамката. Што лесно се решава со силикон. И втората опција е меѓу рамката и прозорецот - што многу потешко се решава и прозорецот мора да се прештелува од стручно лице.
3.
Трето. Таванот. Не си го измерил таванот. Ако е и тој за никаде, и нема добро заптивање на ивиците и ја пушта целата топлина нагоре ништо не правиме со тоа. Нема да се реши проблемот ако и тоа не се среди.
Значи. Ти почни веднаш од број 2. Иако кажано е, устава пена ми фати од зборење. Тоа треба да го откриеш сам. Ама изгледа неможеш штом до сега сеуште се плеткаш со ова. После број 3 со таванот убаво измери температури и фурење. А за број 1 на крај, тоа сме 100% сигурни дека мора да го направиш - и нема бегање.