П
Пријателе ако реално увидиш ќе ти биде многу јасно дали провоцирам. Нит сум навредил некого нит сум се расфрлал со НЕкултурни и ниски навреди кои се однесуваат на личноста што стои позади било кој профил. Јас немам фонд на зборови кои што би испровоцирале да биде некој дрзок и безобразен, пак ќе кажам домашно воспитување без разлика на нашата возраст. Едно е да е коментираат уреди без разлика на потеклото и нашето мислење за нив и нивната веродостојност и да се правиме богови на климатизацијата позади тастатура. Друго е да одржиме ниво каде што не би се навредиле помеѓу Нас. Убаво кажа секој нека си одбере и нека и се критикува, сепак од критиката учиме, но да се вреѓа?? Бев обвинет дека не знам да читам,дека сум шутрак и сл. Дали ако нели имам против некој бренд мене треба да ме окарактеризираат со тој грд речник што се надевам не го пренел на неговото најблиско опчружување.
Миселење секако имам високо за многу брендови и се поврзувам како што кажав во првиот пост со нив. На поле Телевизија имам мои фаворити - Корејци. На поле автомобили - Германци секако. НА поле бела техника исто имам неколку фаворити. И некако мислам сите си се поврзуваме од нашите лични искуства и опкружувања и тоа е потсвесно. Зарем некој треба да суди за тоа? Во секој случај ќе се согласам секој избор си е добар за оној што ќе си го направи сепак тој ќе си се сноси со последиците во иднина