Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
2019та ќе биде зимава. Муабетите за дрва нека си останат во 1881ва каде што припаѓаат.

Доста се труевме со греење на дрва во сред цивилизација.
 
Годинава и претходно.

Сеа вистина е дека ги плаќаш во Мај а ги добиваш во Септември ~ Октомври.
Другар бараше и беа околу 2800 во мај ама не ми текнува од каде

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Годинава и претходно.

Сеа вистина е дека ги плаќаш во Мај а ги добиваш во Септември ~ Октомври.

ама може и да не ги добиеш ма време а знаат и колци да ти донесат
имаше тема за ова на форумов
си ебале векот


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
https://docs.google.com/spreadsheets/d/1D8YQRbWgXcAazqZ3xuMTS-rT_iTJacoxN1nzg60dPug/edit?usp=sharing

Кој сака да учествува нека ми побара пристап.
На овој линк може да споредуваме клими според официјални документи и колку толку да нема превари
За да се внесе одредена клима задолжително е да има модел на внатрешна и надворешна единица, документ од следниот тип https://www.ecr-belgium.be/files/haier_airco_handleiding_tundra_1U18EE8ERA_gb.pdf и продавница која го продава. Само така ќе може да се пополнат поголем број колони.
За одредени колони потребни се податоци од еуровент
 
На овој линк може да споредуваме клими според официјални документи и колку толку да нема превари
Aко ги допишеш SF50VЕ и FH35VE твојата Тундра (модел на капилара или да биде појасно има карбуратор место директно убризгување) ке искочи подобра од споменативе две кои коштаат дупло од твојата ефтина капиларка платена 34.000ден за кеш и без WiFi.
Да читаш Еуровент е едно.....друго е да го разбираш и толкуваш(твојата слаба страна), а за да го разбереш треба да знаеш како тоа што таму го пишува е и добиено/измерено.
Еве за некој што неразбира кажи ни како е добиен податокот за топлинска моќ на +7 или Tbiv...при кои услови е тоа измерено?
Ако овие две на Митсубиши ги допишеме што да очекуваме од другите?
.....сите ке се послаби од твојата.....а ти најпаметниот ке искочиш нели ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: GT1
Pa 2700-2800 i se od Makedonski sumi, ama gi nema. Tesko deka nekoj od niv ke dobie drva. Zaradi toa jas gi pisav po 3100 tolku gi zedov poslednite vo sredinata na septemvri.
A za klimite pa i tie nemaat COP po 4 celo vreme. Koga toplotnite zagubi se priblizuvaat na so maximumot na klimata jas ne veruvam deka nitu edna klima moze da zadrzi COP nad 3.
 
Издув фали во табелата.

Бидејќи тестираат на највисок издув (без турбо) ако не се лажам.

Грубо вака доаѓа.
Така што една клима со
58Ц издув и 700м3
Ќе има иста моќност со
50Ц издув и 900м3
И иста моќност со
40Ц издув и 1200м3
И иста моќност со
30Ц издув и 1800м3

А ќе биде СОСЕМА различен муабет во собата. Или нема да има муабет во последните 2 случаја. :)
Aко ги допишеш SF50VЕ и FH35VE твојата Тундра (модел на капилара или да биде појасно има карбуратор место директно убризгување) ке искочи подобра од споменативе две кои коштаат дупло од твојата ефтина капиларка платена 34.000ден за кеш и без WiFi.
Да читаш Еуровент е едно.....друго е да го разбираш и толкуваш(твојата слаба страна), а за да го разбереш треба да знаеш како тоа што таму го пишува е и добиено/измерено.
Еве за некој што неразбира кажи ни како е добиен податокот за топлинска моќ на +7 или Tbiv...при кои услови е тоа измерено?
Ако овие две на Митсубиши ги допишеме што да очекуваме од другите?
.....сите ке се послаби од твојата.....а ти најпаметниот ке искочиш нели ?
 
Има некој искуство со грее сервисот за годишните сервиси кои што ги прават, во поглед на закажување термини за сервис?
Бидејќи им се јавив пред 3 недели рекоа дека ке ме контактират за 2 недели, сеуште ги нема а следната недела ми поминува годината од гаранцијата
 
Aко ги допишеш SF50VЕ и FH35VE твојата Тундра (модел на капилара или да биде појасно има карбуратор место директно убризгување) ке искочи подобра од споменативе две кои коштаат дупло од твојата ефтина капиларка платена 34.000ден за кеш и без WiFi.
Да читаш Еуровент е едно.....друго е да го разбираш и толкуваш(твојата слаба страна), а за да го разбереш треба да знаеш како тоа што таму го пишува е и добиено/измерено.
Еве за некој што неразбира кажи ни како е добиен податокот за топлинска моќ на +7 или Tbiv...при кои услови е тоа измерено?
Ако овие две на Митсубиши ги допишеме што да очекуваме од другите?
.....сите ке се послаби од твојата.....а ти најпаметниот ке искочиш нели ?

1. Не можи сите да бидат експерти за клима уреди. Си имаме други професии. Нема ни потреба да знаеме кој дел што улога игра. Доколку секој човек знае за секој поединечен производ кој дел каква улога игра кај ни бил крајот. Но добро е да имаме основни податоци за она што го купуваме од проверени места. Затоа и цело време инсистирам на точни документи и сертификати, посебно затоа што не се малку пари што треба да ги издвоиш за клима и втора побитна работа, да не замрзниш кога ќе стегни зимата, особено ако си од град како Прилеп и Битола. И второ особено затоа што забележав дека препродавачите пробуваат да ти шитнат било што само колку да се брои во продажба. Затоа што ги лажат дека со клима од 19000 денари можат да греат простор до 40м2.

2. Не ми е целта да ја величам Тундрата и да излегувам најпаметен. Тие две ги внесив затоа што веќе ги имав податоците запишани, а за другите ме мрзеше. Затоа оставам на било кој да се вклучи. За тој фамозен збор капилара, зошто ЛОМО ЛЦЛХ беше бест бај пред извесно време, беше величена од цел Грее клан, а испадна дека и таа е на капилара и Ланда компресор. На крајот на денот за некое време ќе се потроши Тундрата, па ќе останат другите за споредување.

3. Ти си тој што тврди дека на светот постојат 3 клими што даваат 3.5кв на -15 температура. ФХ35, Амбер и Хансол. Што мислиш на кого може повеќе да му се верува, на некој рандом лик и препродавач што ти вика така или на официјални документи?

4. Збор два за разликата помеѓу ЕЕВ и капилара лаички. Колку што имам прочитано заштедата би била макс 20%. Доколку јас имам проектирана потрошувачка од 12000 денари за струја за цела сезона со друга клима макс би заштедил 2400 денари и за 10 години би стасал некоја со технологија ЕЕВ што е поскапа.

5. Кај тебе што е проблемот. Ги вртиш работите како што ти одговара и никогаш не си доволно јасен. Кога одговара да има грејачи на твоите клими тогаш е тоа добро оти даваат дополнителна снага, топат мраз и слично, а кога другите клими имаат грејачи тогаш е лошо оти ќе трошат повеќе струја. Ако некоја клима има капилара тогаш е срање, а кога твоите клими имаат капилара тогаш или ќе се занемари тој факт или ќе се изнајде нешто како таа капилара придонесува во подобри перформанси и слично.

6. Еве како најстручен од сите нас тука, осмели се, според твоите стандарди што треба да ги има одредена клима, напиши кои се компонентите на кои што треба да се внимава кога се купува, па да знаеме со што да правиме споредби. Вака само ствараш конфузија.

7. Ќе се навратам на Тундрата. Да не е на попуст би била 38000 како во други продавници. Вифи модул чини 4000. што значи 42000. Нема ајфил функција, нема перки што вртат автоматски лево десно и останати модерни работи што ги имаат другите клими. Со фул опрема би чинела можеби 50000 денари. Дали вака би имала повеќе вредност??

И за крај прашање е што би одбрале, моќност, добар систем на дефростинг, добар ЦОП, во споредба со шминкерски работи како вифи, ајфил и останати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom