- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.854
COP 4 или поголем, имаат хиперинвертери или клими кои чинат над 1000 Евра, инаку најголемиот дел од останатите (особено буџет климите се COP од 3,6-3,7) денес практично и нема клима-инвертер во понуда, што има COP помал од 3,6 бидејки тоа се зема за оценка (те ознака) на климата во мод греење со А+ ... искрено јас Б енергетска класа инвертер последниве 5-6 год немам сретнато! Инаку да, точно е немаат климите COP 4 (ниту најскапите и најдобри, уште помалку оние декларирани COP 3.6) цело траење на зимата. Со падот на надворешната температура паѓа и COP факторот... постои Eurovent кој најпрецизно ти кажува која клима колкав COP има (на температура 7*С) колкав PdesignH има те моќност на -7 (или на -10*С) колку киловати испорачува и со колкав COP... и конечно истото на -15 кога обично COP факторот и на најскапите клими паѓа на 2,5 па и пониско!Pa 2700-2800 i se od Makedonski sumi, ama gi nema. Tesko deka nekoj od niv ke dobie drva. Zaradi toa jas gi pisav po 3100 tolku gi zedov poslednite vo sredinata na septemvri.
A za klimite pa i tie nemaat COP po 4 celo vreme. Koga toplotnite zagubi se priblizuvaat na so maximumot na klimata jas ne veruvam deka nitu edna klima moze da zadrzi COP nad 3.
Но да не се повторуваме, да не бидам досаден. Ск и 90% од МКД е со умерено-континентална клима под вијание на средоземноморска, така https://www.holiday-weather.com/skopje/averages/ просечните температури во најладните зимски месеци се: во Декември просечна дневна (или просечна максимална) е +5.... а просечна ноќна -2.... Јануари, дневна +5, а просечна минимална -3... E сега да, постојат зими како предминатата 2016/17 која според синоптичарите со просек и во континуитет измерени ладни денови, била најладната зима во последните 30 години.... но сепак од Окт до Март измерени само 60 часа со пониски температури од -14 или 100 часа со пониски од -12*С! Минатата пак зима едвај да имаше само едно деноноќие со температура пониска од -10! И тоа беше период од само неколку часа по полноќ до изутрина... Толку! ... Поларните зими во ова подрачје се случуваат секако, но на секои 3-4-5 години и обично траат 5-6-7 дена (ретко повеќе)! А како предминатата зима со дваесетина дена поларни температури ете кажуваат стручни лица еднаш на 30 год... Така да слободно може да се каже дека клима инвертерите те. 95% од нив... и 95% од времетраењето на зимата, ќе ти работат со просек COP 3 (минатата работеа и со повисок) .... што и не е така лошо нели!?
Последно уредено: