Фала Ви за посветениот одговор, ако резимирам.. подобро да не се мачам со ставање на радијатори, да си инвестирам во клима и таа да грее и да лади.
Исто така фала за исцрпното објаснување, во поглед на парапетните единици, видов дека се поефтини но видов и дека повеќе струја трошат, а Украунот кој планирам да го земам е големиот од 94 000 ден, а не малата од 70 000, таа е за 60м2 дневна, а не малата. Ако веќе останува само на инвертер единица, без радијатори тука веќе ќе се консултирам со продавачите.
П.С. не Ве прашав за искуството со инвертер преку зима, дали постои јако сушење на воздухот, дали смета греењето од клима, бидејќи од песимистите добив и таков совет „Немој со клима, не е иста топлината како од дрва“