@Chicco69 Монтажата ја надгледував, добра е извршена. Ставија 3 метри цевка и 1 метро цевка има фабрички внатрешната eдиница. Сакаа да се вакумира само 5 минути но на мое инсистирање вакумираа 23 минути, но откако ја прочитав статија на Златко сфатив дека вакумирањето најверојатно е гола вода. Инсисистирав и добив држачи за клима од 5ка, затоа што климава тежи како модерна 5ка па не е препорачано да стои на држачи за 28кг единица. Поставена на 12цм од зидот, наместо 5 како што практикуваат. Внатрешната поставена 15цм под таван, лево и десно по метро ипол. Сегде е под либела. Проработе од прва. Нема вибрации никакви, не е на буфери, нема потреба од нив затоа што работи без вибрации. Нема багови ни грешки. За изминативе 24h потроши 33kwh со ~4 дефорста и тоа е максимумот досега, но вчера цел ден е под нулата а сетпоинт е 25-30, другиве што поставуваат сетпоинт 16 степени ќе потрошат 2-3 пати помалку, исто како и оние што живеат во изолирани станови... Ок, јас сум задоволен и со ваква состојба, мене ме плаши да не стане неупотреблива на -10 со дефрост на 30минути. Мислам дека не е расипана, скоро и да сум сигурен дека климава е 100% исправна, затоа нема да пријавувам проблем.
Jaс и ти исто одбравме Чикo, не дека сме нешто многу паметни, секој штом малку прочита за спецификации на клими ќе го донесе истиот избор. И никола2004мкд го донел истиот избор за другар му, не е тешко да се види дека
на хартија Хансол -20 е без конкуренција. Но она што јас го сфатив е дека големиот изменувач и (-20 нордик спецификацијата која ти дава голема лажна доверба) не допринесува да се избегнат дефростите на нула степени, а сите се согласуваме за тоа дека не треба да има дефрости на овие температури. Значи мора да е до компресорот кој е малку слабичок.и треба да се наоѓа во некоја 9ка од 25.000денари. Јас би доплатил за 12ka Aмбер -30 со ова знаење што го имам сега. Но работата е што не можеме да знаеме што добиваме пред да го добиеме. Мора да тестираме и потоа да споделиме на форум тоа што сме го искусиле. Јас уште немам ни финално мислење, ова е само втор впечаток после 40 дена.
Ќе стане тешко да се разликуваат сите сопственици со Грее (некои се фалат некои се жалат), да прецизирам јас
ја стоплувам собата над 23 степени. Климата прави дефрости повеќе од што треба. COP немам измерено, но ќе биде и тоа.