@tzlatko
Времето не ми дозволува многу, но ќе се обидам да бидам концизен.
Ќе тргнам од вториот твој цитат. Замисли да имаш (илузорен) пријател што купил X модел на клима од Y фирма. Не е задоволен од климата и тој си ќути, го нема во јавност, а ти ја превземаш улогата на адвокат и одиш по сите форуми и тролаш, вреѓаш ... и тоа нема крај.
Дали е тоа нормално?
1000 други корисници ја имаат истата X клима од истата Y фирма, сите мање више задоволни, а ти да им досаѓаш и да им велиш: тоа е канта, фрли ја у ѓубре, барај си ги парите назад, те зезнале и тн. И сето тоа во недоглед...
По секоја логика еднаш тој твој фантомски другар ќе излезе на виделина и ќе си каже што мака има, па сите ние ќе застанеме на негова страна и ќе го поддржиме во барањето правда.
Друга варијанта би била, ти целата таа енергија, инат, пари (?), да ги вложиш во еден било каков адвокат и на тој начин да му помогнеш на другарот (ако е опиплив и вистина постои). И во тој случај целата заедница тука од форумов ќе застанат позади вас. Тоа е логично, така? Е видиш, ние се соочуваме со апсурдни работи.
Другарот што можда не постои, е незадоволен од климата што ја купил, и ете јас целиот свој живот ќе го посветам да ја вреѓам таа фирма и тој модел на клима. Абе таков фанатизам за жена, деца, фамилија, татковина не се прави, а не за (измислен) другар. За многу поситни работи се вика жуто комбе и се знае кај се завршуе...
Нема врска, мислам дека ти добро ги знаеш овие работи и го пратиш форумот концентрирано. Критиката ти е на место, ако би се однесувала на (нормален) член од форумов. За жал има разни болести и многу пациенти.
Ако планираш и во иднина да "делиш правда", биди објективен и своите морални норми применувај ги рамномерно. Нема љутиш.
Камо да дочекаме еден убав сончев ден, па да анализираме (упростени) дијаграми од клими, да им бараме грешки и тн.

Hint, експанзијата на гасот завршува со надворешниот изменувач, стејнерите, капиларата, ЕЕВ, служат само како водиљи, распрскувачи, контрола на притисок и дозирање кон внатрешниот изменувач. Компримирањето се врши предходно, но е зависно со овие доле на дијаграмнот, кој е упростен, ама сепак ја покажува разликата со Амберот Нордик. Не џабе потцртував со црвено. Поентата беше што се добива за малку повеќе пари.
Кај "јапанците" за интеркулер и сички екстри не се доплаќа 100е, туку 1000е.