@tzlatko
Времето не ми дозволува многу, но ќе се обидам да бидам концизен.
Ќе тргнам од вториот твој цитат. Замисли да имаш (илузорен) пријател што купил X модел на клима од Y фирма. Не е задоволен од климата и тој си ќути, го нема во јавност, а ти ја превземаш улогата на адвокат и одиш по сите форуми и тролаш, вреѓаш ... и тоа нема крај.
Дали е тоа нормално?
1000 други корисници ја имаат истата X клима од истата Y фирма, сите мање више задоволни, а ти да им досаѓаш и да им велиш: тоа е канта, фрли ја у ѓубре, барај си ги парите назад, те зезнале и тн. И сето тоа во недоглед...
По секоја логика еднаш тој твој фантомски другар ќе излезе на виделина и ќе си каже што мака има, па сите ние ќе застанеме на негова страна и ќе го поддржиме во барањето правда.
Друга варијанта би била, ти целата таа енергија, инат, пари (?), да ги вложиш во еден било каков адвокат и на тој начин да му помогнеш на другарот (ако е опиплив и вистина постои). И во тој случај целата заедница тука од форумов ќе застанат позади вас. Тоа е логично, така? Е видиш, ние се соочуваме со апсурдни работи.
Другарот што можда не постои, е незадоволен од климата што ја купил, и ете јас целиот свој живот ќе го посветам да ја вреѓам таа фирма и тој модел на клима. Абе таков фанатизам за жена, деца, фамилија, татковина не се прави, а не за (измислен) другар. За многу поситни работи се вика жуто комбе и се знае кај се завршуе...
Нема врска, мислам дека ти добро ги знаеш овие работи и го пратиш форумот концентрирано. Критиката ти е на место, ако би се однесувала на (нормален) член од форумов. За жал има разни болести и многу пациенти.
Ако планираш и во иднина да "делиш правда", биди објективен и своите морални норми применувај ги рамномерно. Нема љутиш.
Камо да дочекаме еден убав сончев ден, па да анализираме (упростени) дијаграми од клими, да им бараме грешки и тн.

Hint, експанзијата на гасот завршува со надворешниот изменувач, стејнерите, капиларата, ЕЕВ, служат само како водиљи, распрскувачи, контрола на притисок и дозирање кон внатрешниот изменувач. Компримирањето се врши предходно, но е зависно со овие доле на дијаграмнот, кој е упростен, ама сепак ја покажува разликата со Амберот Нордик. Не џабе потцртував со црвено. Поентата беше што се добива за малку повеќе пари.
Кај "јапанците" за интеркулер и сички екстри не се доплаќа 100е, туку 1000е.
@StefusRefus
Гледам малку си ја сменил веселата математика. Од 100м2 отидовме на 150. Ќарот во однос на климите (стартна инвестиција) ти рипнал од 60000 на 125000. Машала. Грееш 7 простории што се од 20 - 30 м2. Ај да земеме просек 30м2 x 7 простории = 210 м2. Аууу, не се слагаат цифриве баш многу...
Господине Рефус, ајде удри уште една математика ... и не се плаши, не сме ние овде инспекција. Не е зорт да се штима книговодството.

Oва е форум, а не УЈП.
Радијаторите, цевките, целата инсталација уште не ја рачунаш, ти дошла со куќата. Ќе ја купеше куќата по иста цена ако немаше инсталирано парно, или ќе симнеше некоја илјадарка?
Јас верувам дека ти си добро згреан, ама по која цена. Лесно е да се тврди како греењето на пелети е топ, многу поевтино отколку со клими, ама тоа треба да го докажеш со реални бројки, а не со весела математика...
@Klima ured
Едно е пренесување информации, а друго е лажење и инсинуирање. Да ти покаже чичко Чико како се прави тоа, за да научиш во иднина:
Прегледај го приврзокот 182130
Прегледај го приврзокот 182131
Прегледај го приврзокот 182132
Е, така господине Климе се пренесуваат информации, изворно, без субјективност и ако има можност, од двете засегнати страни.