Затоа што ласерски термометар... Светлината од ласерот мора да се одбие од нешто, за сензорот да добие повратна информација. Воздухот е провиден, ерго - нема од што да се одбие ласерот. Тоа што ќе измериш, е саќето (хитсинкот) од климата, кое има повисока температура од воздухот. Така ако си мерел, ништо чудно да постигнала таа Вивакс клима толкава (за неа) висока температура. Ако не веруваш, пробај да го впериш ласерскиот термометар нагоре во небото, и кажи ми овде што си измерил.
Јас сум од Скопје инаку.
П.С. Климе е нагалено од Клима уред, као надимак што си даваат другари. Нема лутење за надимци, еден пријател го викавме Брзи, а беше најспориот човек на планетава. Друг го викавме Трезниот, а цело време беше камен пијан. Во однос на нивните надимци, Климе е супер (и многу слично со Клима уред).