Читам затоплување пелети правосмукалкки, инвертер клими, пари и камати. Имаше еден статус од пријател кој што го позајмил од некаде зошто дедо му живеел сто години....
Статус нечиј го најдов некаде....
Еве зошто Дедо ми Ѓорѓи живеел дури 104 години
А ние денес како глувци паѓаме уште на четириесет!!!
ЗАМИСЛИ: Се будиш на први петли, не оти алармот ти ѕвонел, ами оти сонце ти влегло во соба, се загреваш уште малку со љубената/иот и рипаш од кревет свеж ко арслан, одиш на чешма да измиеш очи со вода за која не добиваш сметки, ами е од Бога ГРАТИС, на враќање собираш некоја прачка за потпал, цепиш уште две-три од оние што планината ти ги ДАЛА, не си ги платил 3000 за кубик, пука огнот а ти земаш житото годинешно, кое не си го купил, ами во нива ти расте, па одиш да им фрлиш на кокошките и петлите, собираш 5-6 јајца од утрина снесени да им дадеш на децата, млекото е веќе измолзено топло и не е во тетрапак од 60 ден, лебот е вчерашен ама уште мириса на фурната и на рацете кои го меселе, од ланската ракија уште има а веќе се прави новата, шпајзот мириса на собрани јаболка, круши, грозје и ореви за зимата, слатко од дуњи и диви смокви за заблажување, месото е исушено и испушено зад куќи, и не е 10 евра и нема листерија, сирењето – направено, ајварот измешан, патлиџанот исушен за на зима да не јадеш кечап, тутунот е насечен за качак, оти родил во изобилие, ширата веќе вино се сторила, а комшијата ВЕЌЕ стои на врата, дошол на ракија и МУАБЕТ, БЕЗ ДА ТИ СЕ НАЈАВИ НА ФЕЈСБУК!
И ЗАМИСЛИ: сето тоа ти се родило без субвенции, немаш рата за кредит и не ти треба да земеш, немаш ни сметки за вода, оти имаш, за струја – оти не ти треба, за мобилен – оти кој ти треба ќе го најдеш, комшијата на врата не е ИЗВРШИТЕЛ, ами пријател, кај што должиш ќе вратиш со рака помош или со она што ти се родило, никој не ти кажува што да пиеш и јадеш оти баба ти и дедо ти те научиле, немаш казни за кал на копитата на магарето оти закон не го фаќа, не се будиш со ОГЛАСИ – оти имаш цела нива пред тебе за работење, и не плаќаш ни во прв, ни во втор, ни во трет фонд, оти и кога ќе остареш – НИВАТА ПАК ЌЕ РАЃА, и водата пак ќе тече, и шумата пак ќе буи…
И да, можеш да се скараш по дома и да не платиш 2500 евра, оти кавгата до утре е заборавена, а евра по дома не чуваш!
ПА СЕГА, ЗАМИСЛИ ТИ!
На здравје ДРЖАВНАТА ЕБАЧЛАМА, сами си сееме, сами си жнееме!