Најекономично греење и ладење

N

nikola2004mkd

Гостин
Баш ме изненади бурната реакција на постот за критиките за Hansol-от.

Тоа не смеело да се деси.
Пријавивте во Државен пазарен инспекторат?
Еве линк: http://www.dpi.gov.mk/
Случајот бил пријавен во ДПИ. До денес не добил никаков повратен одговор од ДПИ.

Не си во право за Goran0505. Пребарај наназад, и ќе видиш дека човекот се обидел да поддимензионирана клима да грее ДУЌАН, со никаква изолација (големи стаклени излози), со многу висок плафон (не се сеќавам точно, ама високо било)
Па за Goran0505 мислам дека сум во право. Да не се враќам назар и да барам минати постови, ама мислам дека и тој се жалеше дека успеал да замени дефектна единица дури по година и пол, и после еден куп проблеми и расправии, не зборувам за греењето.

Врати се поназад и прочитај за отворената гаража што момаков ја има под таа соба од 20м2, се работи за куќа во прилеп со слаба изолација и отворена гаража под неа.
Па нема потреба да ги извртуваш фактите, барем не со мене, пошто секоја втора ден сме таму. Ајде најди ми каде јас имам пишано дека има отворена гаража под просторот. Има 2,5 метри укопана визба во која и во најладните месеци температура не паѓа под 19-18 степени. Нема потреба да ги измислуваш работите само за да оправадаш лош уред и лоша корисничка поддршка. А за изолацијата не реков дека ја има, но топлотните загуби јас му ги мерев, пишани се поназад и ако Hansol-от работи по спецификација не треба да има никаков проблем да ги задоволи.
Но еве да ти пресметам поедноставено и тебе.
Соба со површина од 25м2 има 4 ѕида со должина 5метри а висна 2,7 метри. Површината е 5*2,7=13.5м2.
13.5м2 * 1,5 (U вредност на ѕид од блок без изолација) * 23 (разлика на внатрешна и надворешна температура) = 1863W односно 1,8KW.
25м2 (површината на таванот) * 1,5 (U вредност на плафон со монти со блок, намерно не се земени додатните изолатори како паркет на горната страна од плафонот) * 23 (разлика на внатрешна и надворешна температура)= 862W односно 0,8KW.
Значи вкупните загуби се 2,6 KW. Значи тоа што има мала кујна во просторот каде секој ден се готви по нешто и се оснолбодува топлина не е земено во предвид, ниту дека е неверојатно температурата во соседните соби да биде еднаква на надворешната температура.
Е сега ако ако сакаш да кажеш дека 2,6KW се многу големи топлотни загуби за клима која дава 4KW на -10 степени јас не сум те сватил и се извинувам.

од кој побуди би го правел тоа некој аутсајдер које божем не е ни монтер нит дилер или има било каков интерес за Чкљ иклими прашај се самиот.
Па ако сум јас дилер или монтер дали веруваш дека мој другар ќе купи клима од друго место а не од кај мене. А ако инсинуираш дека случајот е измислен, самиот се побиваш, со признанието дека постои случај во наредните реченици.

Кај момаков е идено од сервис, мерено е со сонда T на издув, издувот е OK АМА изолацијата и топлинските загуби на собичево се преслаби за таа градба и затоа потрушувачката е голема....моментот кој лепотанов цело време го преќутува...
Па гаќачов наш повторно пробува да пробува да погоди некоја лага. Прво од сервис никогаш и не биле. Монтерите од "Ладење" биле, востановиле дека дува топол воздух и дека климата е правилно монтирана, и ништо повеќе. Кога ги прашал дали е нормално да има таква потрошувачка, му одговориле дека вообичаено не, но можеби Gree биле толку економични и дека климата работела во рамките на спецификацијата. Но и се оградиле од коментарите дали климата е дефектна, бидеќи биле само монтери кои му вршеле услуга на GreeМАК, не биле сервис и дека најдобро би било сервисерите од Gree да ја погледнат, кои нормално и никогаш не дошле, односно немале намера да си прават трошоци, што му го кажале и по телефон во ретките случаи кога и се јавиле.

OK АМА изолацијата и топлинските загуби на собичево се преслаби за таа градба и затоа потрушувачката е голема....моментот кој лепотанов цело време го преќутува...
Интересна е ситуацијата топлотните загуби да бидат преголеми за семоќниот Hansol кој дава 4KW на -10, а да бидат нормални за 2,5KW панелка на неколку степени над 0. И не е преќутено, изгледа заборави да пребаруваш назад низ форумов кога фактите не ти одговараат. Сликите и мерењата се споделени во минати постови.
Ако евентуално треба да те подсетам како се пребарува слободно кажи, нема да ти замерам.

И речено му е да ја остава да грее подолго време...
Па и греено било цело време 24/7. Прекина со греење кога сметката само од климата наближала накај 100 eur. Заедно ја качивме од подрум 10KW печка на дрва со кога го грееше целиот спрат (60m2) до крајот на зимата со 1,5м3 дрва месечно.

Повикан е да се јави кога ке дојде во Скопје да се провери проблемот.....негирал дека некаде нешто се жалел на климата...чекаат да се јави, а дали ке се јави ке видиме
Па нашиов гаѓач повторно пробува да смота некоја лага. Па никој никогаш не го имал повикано некаде, самиот пробувал да ги добие од Gree да поминат да и да го погледнат проблемот. Само што од Gree се криеле и не се јавувале кога им ѕвонел за да на крајот кога и му кренал Зорба да го откачи дека немал намера да си прави дополнителни трошоци. Ете и за тоа имам пишано на форумов или пак заборави како се користи опцијата за пребарување. Треба да те подсетам?

негирал дека некаде нешто се жалел на климата...чекаат да се јави, а дали ке се јави ке видиме
Ова е најјако, чекаме да се јави ама ние нема да му креваме па да видиме дали ќе се јави..
Иначе кај негирал дека нешто се жалел од климата, кога и самиот потврдуваш во погорниот пост дека имало проблем, и декамонтерите биле да проверат дали климата дува топло Баш ме интересира кај колку од дечкиве кои имаат купено клима монтерот оди провери дали дува топло, онака, од радозналост, а не ако има пријавено проблем.

Иначе еве и тој ги чека сервисерите од Gree и да ја погледат климата кога температуриве ќе паднат накај 0, а дали ќе поминат ќе видиме.....

Иначе лепотанов наш за човек кој не е монтер, дилер на клими, и нема никаква поврзаност со Gree е запознаен со случајов ама и симптоматично некако пробува да врзе по некоја лага да го одбране Gree од случајов.[DOUBLEPOST=1510222879][/DOUBLEPOST]
Врати се поназад и прочитај за отворената гаража што момаков ја има под таа соба од 20м2, се работи за куќа во прилеп со слаба изолација и отворена гаража под неа.
Strelec дали е можно да ги имаш помешано лончињаната па со ова несвесно да не информиташе за уште еден случај на незадоволен корисник?
 
Последно уредено од модератор:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.042
Поени од реакции
34.464
Па за Goran0505 мислам дека сум во право. Да не се враќам назар и да барам минати постови, ама мислам дека и тој се жалеше дека успеал да замени дефектна единица дури по година и пол, и после еден куп проблеми и расправии, не зборувам за греењето.
Не си во право, се сеќавам затоа што лично зборувавме за ова со Goran0505 (додека беше активен на форумов). Ништо не се промени кај него после смената на внатрешната единица. Ако ти требаат 10 киловати во дуќан, ти требаат 10 киловати. 3.5 киловати нема да бидат доволни, како што виде и самиот Goran0505. Него после неколку повици за сервис, му ја заменија внатрешната единица за да го откачат да не досаѓа, не дека внатрешната му била „дефектна“.
Пребарај наназад де, не ми верувај на мене.


Случајот бил пријавен во ДПИ. До денес не добил никаков повратен одговор од ДПИ.
Ова ми е чудно. Обично ДПИ работат професионално.
Не се јавил повторно?

Можеби немал основа за поплака? :coffee:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Читам затоплување пелети правосмукалкки, инвертер клими, пари и камати. Имаше еден статус од пријател кој што го позајмил од некаде зошто дедо му живеел сто години....



Статус нечиј го најдов некаде....

Еве зошто Дедо ми Ѓорѓи живеел дури 104 години
А ние денес како глувци паѓаме уште на четириесет!!!
ЗАМИСЛИ: Се будиш на први петли, не оти алармот ти ѕвонел, ами оти сонце ти влегло во соба, се загреваш уште малку со љубената/иот и рипаш од кревет свеж ко арслан, одиш на чешма да измиеш очи со вода за која не добиваш сметки, ами е од Бога ГРАТИС, на враќање собираш некоја прачка за потпал, цепиш уште две-три од оние што планината ти ги ДАЛА, не си ги платил 3000 за кубик, пука огнот а ти земаш житото годинешно, кое не си го купил, ами во нива ти расте, па одиш да им фрлиш на кокошките и петлите, собираш 5-6 јајца од утрина снесени да им дадеш на децата, млекото е веќе измолзено топло и не е во тетрапак од 60 ден, лебот е вчерашен ама уште мириса на фурната и на рацете кои го меселе, од ланската ракија уште има а веќе се прави новата, шпајзот мириса на собрани јаболка, круши, грозје и ореви за зимата, слатко од дуњи и диви смокви за заблажување, месото е исушено и испушено зад куќи, и не е 10 евра и нема листерија, сирењето – направено, ајварот измешан, патлиџанот исушен за на зима да не јадеш кечап, тутунот е насечен за качак, оти родил во изобилие, ширата веќе вино се сторила, а комшијата ВЕЌЕ стои на врата, дошол на ракија и МУАБЕТ, БЕЗ ДА ТИ СЕ НАЈАВИ НА ФЕЈСБУК!
И ЗАМИСЛИ: сето тоа ти се родило без субвенции, немаш рата за кредит и не ти треба да земеш, немаш ни сметки за вода, оти имаш, за струја – оти не ти треба, за мобилен – оти кој ти треба ќе го најдеш, комшијата на врата не е ИЗВРШИТЕЛ, ами пријател, кај што должиш ќе вратиш со рака помош или со она што ти се родило, никој не ти кажува што да пиеш и јадеш оти баба ти и дедо ти те научиле, немаш казни за кал на копитата на магарето оти закон не го фаќа, не се будиш со ОГЛАСИ – оти имаш цела нива пред тебе за работење, и не плаќаш ни во прв, ни во втор, ни во трет фонд, оти и кога ќе остареш – НИВАТА ПАК ЌЕ РАЃА, и водата пак ќе тече, и шумата пак ќе буи…
И да, можеш да се скараш по дома и да не платиш 2500 евра, оти кавгата до утре е заборавена, а евра по дома не чуваш!
ПА СЕГА, ЗАМИСЛИ ТИ!
На здравје ДРЖАВНАТА ЕБАЧЛАМА, сами си сееме, сами си жнееме!
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
183
Поени од реакции
330
Само што порачав Хансол -20, отворам форум и почнаа лоши муабет за Нахсол :icon_lol: Се надевам дека нема да се покаам за изборот (првобитно сакав да земам Митсубишито FH35VE)

Сосема точно. Дури во ситуации кога топлотните загуби се релативно големи, една Тошиба само преку заштедата (во однос на поголемата потрошувачка на Гри), ќе си ја исплати разликата за... неколку години (зависно од топлотните загуби).
Која Toshiba точно? Спецификации, COP, Пари...

Зар веруваш во муебетов ?
Кај момаков е идено од сервис, мерено е со сонда T на издув, издувот е OK
Колку треба да е издув на Хансол, имаш ли некое мерење со сите параметри (надворешна, внатрешна, сетпоинт..)
 
N

nikola2004mkd

Гостин
Само што порачав Хансол -20, отворам форум и почнаа лоши муабет за Нахсол :icon_lol: Се надевам дека нема да се покаам за изборот (првобитно сакав да земам Митсубишито FH35VE)
Па мој совет би ти бил ако можеш да го откажеш Hansol-от и да земеш FH. Нормално ако финансиите не ти се проблем. FH е докажно појак за некои 15-20% но е и далеку поекономичен.

Според некои мерења кои ние ги направиме COP на Hansol-от беше мислам нешто над 2. На FH ако добро се сеќавам над 4 на околку 0 степени на колку што меревме и ние.

Побарај назад во постари постови мислам дека имам и слики поставено и пресметки.
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576
Sto falenje udrivte na Toshiba'

Ja menjam mojata suzumi+ 16 (so twin rotarry, ne kako ovaa gore) za Hansol so moja doplata

Ajde junaci ve cekam da se javete, opravdajte go toa sto go pisuvate.

Gi imam e dvete doma zatoa ne lazete narod dzabe.

.



.
 
Член од
2 октомври 2017
Мислења
183
Поени од реакции
330
Дали некој има инфо за Hansol -20 (HANSOL -20 GWH12TB-S3DNA2D) за следните тестови
-10 степени, Tbiv, Ph@Tbiv, COP@TBiv
-15 степени, TOL, Ph@TOL, COP@TOL

Може тестовите да се однесуваат и за ребрендиран Hansol.
 
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441
Dali nekoj ima informacija sto marka na kompresor ima inverter Haier tide 18 btu 5.5kw
I kade moze da se najde podatok sto kopresor ima?
 
N

nikola2004mkd

Гостин
Дали некој има инфо за Hansol -20 (HANSOL -20 GWH12TB-S3DNA2D) за следните тестови
-10 степени, Tbiv, Ph@Tbiv, COP@TBiv
-15 степени, TOL, Ph@TOL, COP@TOL

Може тестовите да се однесуваат и за ребрендиран Hansol.
Еве низ старите постови успеав да ја го најдам Eurovent-от за Hansol преку York, кој ги имаше постирано Strelec. Strelec тогаш имаше и постирано листа на кодови за деловите и мислам дека беа идентични, така да освен ако нема некоја разлика во алгоритмот би требало да има никаква разлика. Еве и линк до постот ако сакаш подетално да ги провериш кодовите Најекономично греење (затоплување)

Е сега ова е за GWH12TB-S3DNA1D со Sanyo компресор но не верувам дека има некаква разлика со S3DNA2D, освен можеби козметичка.

Дали со овие спецификации Hansol-от е bestbuy? Во никој случај. За тие пари веќе имаш јапонски бренд со идентични спецификации.

Fujitsu AOYG12LMCE / ASYG12LMCE во Хидросет кошта 42.000 редовна цена, има идентични спецификации и ако не се лажам има тригодишна гаранција.

Hansol-от со сегашниот попуст и доплата од 800ден/год за продолжување на гаранцијата ќе те кошта 41.500.
Иначе еве и Eurovent за Fujitsu-то.
Capture.JPG [DOUBLEPOST=1510252753][/DOUBLEPOST]А да не речат дека продавам и агитирам за Fujitsu ти апелирам слободно да разгледаш и други брендови, можеби и 14.000BTU единици или можеби и 18.000BTU од поевтини брендови.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Што е тајната со децибелите кај Тошибата , често ја среќавам со скоро дупло помалку бучни единици од другите клими?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.042
Поени од реакции
34.464
Вообичаено е прилично е тивка (мојата Сузуми+), но колку е тивка прилично многу знае да биде и бучна - кога ја форсирам. На пример после подолго луфтирање кога е надвор многу ладно времето, а јас сум ја опнал на hi-power да загрее побрзо...

И не знам зошто на @Sass не му праи кеиф неговата, ама јас мојата многу си ја сакам. :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom