Аууу, колку не си во право за ова. Прва работа - филмот не е правен според „Госпоѓа Даловеј“ на Вулф, туку според истоимениот роман „Часови“ на Мајкл Канингам. Станува збор за филм во филм за филмот направен според роман за роман во романот, или како и да го формулираш ова. Мене ми беше мнооооогу јак концептот, го имам репризирано повеќе пати. Три жени, три времиња: едната пишува роман, втората го чита, третата го живее. И има мноооогу уште да се зборува, да се анализира, зошто и вака навидум обична и „досадна“ драма е подложна на триста толкувања. Најди време да го ѕирнеш уште еднаш кога ќе бидеш посконцентриран. Не верувам дека ова тебе може да не ти се допадне.