ЛУЃЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
УТРЕ У МКЦ ДОАЃА ПЕТЕР СУНДЕ
Младински образовен форум и Радио МОФ го најавуваат четвртото издание на конференцијата за друштвен активизам ENGAGE.
На 18 април (сабота) со почеток во 12 часот, во Mладинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, домашни и странски активисти, новинари, креатори на онлајн иницијативи и ИТ-експерти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, слобода на говор, образование, животна средина, проток на информации, како и за можностите за граѓанска мобилизација преку интернет.
Како ексклузивни говорници на четвртото издание на ENGAGE доаѓаат:
- Peter Sunde, еден од основачите на сервисот The Pirate Bay (@Flattr,@IpredatorVPN, TPBdotORG,@HemlisMessenger, Финска/Норвешка).
– Smári McCarthy, активист и поборник за директна демократија, транспарентност и приватност (Ирска/Исланд).
– Владан Јолер, активист и универзитетски професор од Србија, еден од основачите на непрофитната фондација Share.
- Стеван Дојчиновиќ, еден од најистакнатите истражувачки новинари во Србија
– Томислав Кежаровски, новинар