Разликите во минимум потрошувачката се важни, ама за мени е поважно да се гледа на искуствата со брендот и со сервисот на продавницата која го продава. Заштеда од пар стотини вати, не е за потценување - но од аспект на глобалната потрошувачка не е ни нешто круцијално.
Главната работа е да се разбере што значи фактор СОР од на пример 3, и дека тоа е ТРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ ТОПЛИНА за иста количина струја. Штом веќе некој е доволно паметен да го разбере ова, и се одлучил да се грее на принцип на топлинска пумпа (клима уред) - веќе е во голем ќар, во однос на тие што се грееат на обични (панелни) греалки.
Затоа уште поважно е какви се искуствата, колкава е гаранцијата на уредот што се купува, кој е сервисот, итн.
Ова ми личи малку на дискусиите за разликите во потрошувачка на разните видови на ЛЕД чипови. Мислам, еј - секако е барем 10 пати поштедлива светлина од обичните сијалици, поштедлива светлост и од неонските светла - зарем вреди замарање за некој ват +/-? Се додека светилките имаат бар 2год гаранција, и додека даваат доволен број лумени, за неколку вати нема потреба да се замара човек.
Таа разлика кај климите е неколку стотини вати, но филозфијата на размислување е истата. Тие пар стотини вати ќе направат разлика само ако се елеминирани сите други потрошувачи кои често се игнорираат. На пример греење вода за бањање и вода за миење садови, тоа се потрошачи кои често се вклучени 24/7.