Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.232
- Поени од реакции
- 37.855
Јас лично не го сакам концептот на фен којлерите. Немаат економска логика. Мислам, што е поентата?
Ако сакам да се греам со конвекција, и со воздух како медиум... тогаш зошто скап воздух-вода систем, каде од надворешен воздух енергијата се пренсува во вода па после водата пак на воздух...?
Тогаш многу поевтино и пологично решение е по еден клима уред (најчестиот воздух-воздух систем) да се става во секоја соба. Ем поевтино ќе дојде, ем евентуален дефект би се случил само на одделни простории... за разлика од централен воздух-вода, каде дефектот го остава целиот стан/куќа без греење или ладење.
Многу поконфорно решение е подна или ѕидна хидропонска инсталација. И поекономично решение, пошто водата не мора да се грее/лади на повисоки/пониски температури (понеисплатливо). Преносот на топлина е пасивен, не мора вентилатори (како кај фенкојлерите) кои трошат струја и прават бука.
Ова е така затоа што со подна или ѕидна хидропонска инсталација, грејното/ладилното тело е многу поголемо, со поголема површина.