Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
29 илјади е Рустикот со котел, 23 без котел.

Амити 3 е 22илјади, ама не се поизведува модел со котел... не дека баш мора да земам камин/печка со котел, ама би било добро.
Амитиво има секундарно согорување (и регулација на истото)?
Amity%203.png



Копер како фирма не ги поштуваше во претходни постови... или се лажам? Нешто се спомна тенок лимот и немање секундарно согорување, можеби ги мешам со некои други.
Како и да е имаат интересни (по цена и спецификации) варијанти со вграден котел. Но првите два имаат 120мм излез за оџак, вториот 150мм.

Тој „редуктор„ што го спомињаш е некаков „адаптер„ за на стандардна (поширока?) величина на ќумец? Затоа велиш дека се губи на силата на влеча на чадот?
Амитито новите модели имаат секундарно согорување и тоа со регулација. Сега ако немат изваено некој ептен нов тип па да им е и тоа изменето. Додуша самото амити има поинаква регулација на воздухот со тоа што има презагревање на примарниот воздух и нормално подобра искористеност. Овој на сликата очигледно нема или ако има тогаш е без регулација( мислам на секундарното), така да ако е овај најнов модел тогаш незнам што да ти речам. Во секој случај е измислен за рустикот во секој поглед освем во тоа што нема пепељара секако ако не му додадоја на новите модели. Кој да ги знае.
Не само за копер туку генерално за македонските произведувачи на камини немам добро мислење. Споредено со странските врска немаат со квалитетот на изработката. Онака на прв поглед се лични ама како да кажам . Виделе не разбрале. Така да веќе ако си решил да купиш таков додади некоја иљадарка и куписи проверен. Сепак не купуваш секој ден камини. Јас сум за купување на македонски производи ама барем ако ги прават нека ги направат како што треба. Не прават спејс шатл туку камин. Ако веќе и немаат идеја што како нека копираат. Секако и ги копираат ама барем нека ги копираат како што треба.
Да за редукторот. Рустикот има поголема штуцна која не пасова на нашите стандардни бории па или ке правиш бории по мера и ке копаш во ѕидот или ке си го ставиш редукторот кој иди заедно со каминот и се друго исто. Е сега ке гуши малце ама јбг. Ај ти трчај со гасмаска да те видам.
 
Амити 3 е 22илјади, ама не се поизведува модел со котел... не дека баш мора да земам камин/печка со котел, ама би било добро.
Амитиво има секундарно согорување (и регулација на истото)?
Amity%203.png

И моето внимание го привлекува Amity 3, за која @ мкд владе забележа дека има предгревање на примарниот воздух ( колку разбрав двата кружни отвори на горната страна се за примарен воздух ) и влез са секударен воздух кој се наоѓа во горниот дел над вратата.
Мислам дека се работи за интересна конструкција
Ме интересира како оваа печка ќе се покаже во услови кога имаме влажно гориво.
Исто ме интересира дали оваа печка би се покажала за согорување на пелети во слој
Какво е Вашето мислење за ова?
 
12 Years A Slave 2013 1080p WEB DL H264 PublicHD
12 Years A Slave 2013 720p WEB DL H264 PublicHD
 
Ццццц... На Фемина ни ја украле Moviespotting темата. Уште насловот да го копирале, и таман немало да се мачат ништо да пишуваат:

8YQ4ejS.png


Па оздола и пишале: „Одлична идеја, браво“ :tapp:
Лоповиииииииииииииии!

Filthy casuals ! Како смеат ! Не ли знаат дека ние сме единствени во свет што им текнало на вакво нешто !!!


Е ако де ни ја украле идејата, ни ја украле. Не е дека пари ќе заработуваат од ова па да ги тужиме.
Него што мајка си барал ти на Фемина ? :icon_lol:
 
Јас на Фемина не сум - жена ми е. Таа ми кажа за темата, оти знае дека јас ја отворив истата на Кајгана.:D
Plot twist: Жена ти ја отворила темата на фемина користејќи друго име, срам и е да ти каже дека ти ја украла идејата, па се прави на тошо за да не сумљаш у неа.
 
Ццццц... На Фемина ни ја украле Moviespotting темата. Уште насловот да го копирале, и таман немало да се мачат ништо да пишуваат:

8YQ4ejS.png


Па оздола и пишале: „Одлична идеја, браво“ :tapp:
Лоповиииииииииииииии!
A sto baras ti na forum od tipot na femina? :icon_lol:
Bajagi sumlivo. :cautious:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Амитито новите модели имаат секундарно согорување и тоа со регулација. Сега ако немат изваено некој ептен нов тип па да им е и тоа изменето. Додуша самото амити има поинаква регулација на воздухот со тоа што има презагревање на примарниот воздух и нормално подобра искористеност.
Кажи некоја претпоставка колку пари би дошло накнадно ставање на котел (материјал и рака) и дали е сигурно така да се прави?
Инаку на другата тема нешто размислував на глас, пиши два-три збора што мислиш и таму, кога ќе имаш време.

Сега малку теорија, да видиме како корелира со праксата.

Кога ќе кажеш за еден камин или штогоде печка на дрва, дека работи ефикасно или неефикасно. Дали тука првенствено мислиш на квалитетот (процентот) на согорувањето? Или можноста споро да се согоруваат дрвата?

Јас колку што разбирам поентата со регулација на согорувањето и регулација на дотокот на воздух, е заради успорување на согорувањето. Нели со намалување на дотокот на кислород, се намалува и ефикасноста на согорувањето? Дрвата поспоро ќе горат но и ќе се добие многу понефикасно согорување.

Или тука стапува на сцена идејата со контролирано секундарно согорување? Прво да се успори согорувањето, и иако така многу од маслата нема да согорат, истите потоа да се согорат во секундарната комора...


Но од овој аспект ако гледаме, нели проблемот првенствено е заради предимензионирање на печката?
Нели е подобро да се земе печка со моќност која на најјакото согорување ќе одговара на топлинските потреби на домот? Отколку да се земе прејака печка и потоа да се успорува согорувањето? (па макар и тоа да се изведе нешто поефикасно).

Идеално би било да се има и топлинска акумулација, но тоа е веќе нешто друго.
 
А, и да ви кажам дека им упатив еден срдечен поздрав од профилот на жена ми. Ќе ви кажам ко ќе ја банираат. :pos:[DOUBLEPOST=1392745517][/DOUBLEPOST]
Тоа заборавив. Ајде веднаш ќе ги ставам.

Или таа тебе ко ќе те банира. :D
 
А, и да ви кажам дека им упатив еден срдечен поздрав од профилот на жена ми. Ќе ви кажам ко ќе ја банираат. :pos:[DOUBLEPOST=1392745517][/DOUBLEPOST]
Тоа заборавив. Ајде веднаш ќе ги ставам.

внимание не ти обраќаат
 
Кажи некоја претпоставка колку пари би дошло накнадно ставање на котел (материјал и рака) и дали е сигурно така да се прави?
Инаку на другата тема нешто размислував на глас, пиши два-три збора што мислиш и таму, кога ќе имаш време.

Сега малку теорија, да видиме како корелира со праксата.

Кога ќе кажеш за еден камин или штогоде печка на дрва, дека работи ефикасно или неефикасно. Дали тука првенствено мислиш на квалитетот (процентот) на согорувањето? Или можноста споро да се согоруваат дрвата?

Јас колку што разбирам поентата со регулација на согорувањето и регулација на дотокот на воздух, е заради успорување на согорувањето. Нели со намалување на дотокот на кислород, се намалува и ефикасноста на согорувањето? Дрвата поспоро ќе горат но и ќе се добие многу понефикасно согорување.

Или тука стапува на сцена идејата со контролирано секундарно согорување? Прво да се успори согорувањето, и иако така многу од маслата нема да согорат, истите потоа да се согорат во секундарната комора...


Но од овој аспект ако гледаме, нели проблемот првенствено е заради предимензионирање на печката?
Нели е подобро да се земе печка со моќност која на најјакото согорување ќе одговара на топлинските потреби на домот? Отколку да се земе прејака печка и потоа да се успорува согорувањето? (па макар и тоа да се изведе нешто поефикасно).

Идеално би било да се има и топлинска акумулација, но тоа е веќе нешто друго.
Незнам на амитито дали може да му се додаде котел, јас немам видено досега. На рустикот му клаваат ама незнам како се имаат покажано и колку се ефикасни, практични и сигурни.
Под ефикасност се подразбира од една количина гориво колку ке извадиш корисна енергија. Ако со иста количина гориво една печка затоплува пример 40 м2 а друга 15 м2 тогаш едната е ефикасна другата во споредба со неа не е. Или можеш на тоа поинаку да гледаш. Колку печката од горивото ке искористи како корисна енергија а колку како нус производ. Колку разликата од едното до другото е поголема толку печката е поефикасна и обратно. Затоа кога ке речат дека една печка има ефикасност од на пример 70% се мисли на тоа дека толку проценти печката претворила во корисна енергија а од остатокот од енергијата немаме корист.
Така да тоа нема некоја врска со колку долго гори дрвото, дали споро или брзо. Што ако гори споро на пример кога повеќе од енергијата што ја ослободува дрвото е чад кој ке замини низ оџак. И што ако гори брзо кога исто така голем дел од топлината ке замини низ оџак. Така да најдобро печката да се гледа како еден карбуратор од кола на пример. Ако соодносот на гориво и воздух не е идеален тогаш колата нема да работи како што треба. Ако има отповеќе бензин ке ги замастува свеќиците пошто ајде да речам нема доволно воздух за тој целосно да согори, а ако има премногу воздух нема да има снага( пример само, ова од ракав го извадив).
По правило ефикасноста на една печка е директно зависна од температурата на која самото дрво согорува а не колку брзо или колку споро согорува.
За секундарното согорување да има воопшто некаков ефект потребна е голема температура во горилникот при која самото дрво ослободува гасови кои при допир со секундарниот воздух се палат и ослободуваат дополнителна енергија наместо да излезат како чад низ оџакот. Така да кога имаме голема температура во горилникот потребно е само онолку количина на проток за да комората остани загреана доволно за да дојди до палење на гасовите. Па така и при сосем мал проток на воздух имаме големо ослободување на топлина која и затоа што нема голем проток ке се зрачи во просторијата наместо да замини низ оџакот.
Така да да најдобро е печката да не е предимензионирана нити преслаба за просторијата која планираме да ја загреваме туку да си биде таман така да таа работи со најголема ефикаснот и најмала потрошувачка. Нити да ја јачиме за да затопли и со тоа да и го скратиме работниот век, нити да ја гушиме и да ја работиме неефикасно. А тоа најлесно ке го пресметаме кога киловатите на печката( под услов да не се напишани од ракав на производителот) ги помножиме со 7 и ке добиеме квадрати на собата ако таа е висока 2.6 м. Ова ви е најлесен начин да пресметате со колкава снага да биде печката.
 
Алас, ми останува само да жалам што немам можности да направам „ракетна печка„ со термална акумулација (заради ограничена носивост на објектот). Најдоброто од сите аспекти на греење со дрва. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom