Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Амити 3 е 22илјади, ама не се поизведува модел со котел... не дека баш мора да земам камин/печка со котел, ама би било добро.
Амитиво има секундарно согорување (и регулација на истото)?
Amity%203.png

И моето внимание го привлекува Amity 3, за која @ мкд владе забележа дека има предгревање на примарниот воздух ( колку разбрав двата кружни отвори на горната страна се за примарен воздух ) и влез са секударен воздух кој се наоѓа во горниот дел над вратата.
Мислам дека се работи за интересна конструкција
Ме интересира како оваа печка ќе се покаже во услови кога имаме влажно гориво.
Исто ме интересира дали оваа печка би се покажала за согорување на пелети во слој
Какво е Вашето мислење за ова?
 
Јас на Фемина не сум - жена ми е. Таа ми кажа за темата, оти знае дека јас ја отворив истата на Кајгана.:D
Plot twist: Жена ти ја отворила темата на фемина користејќи друго име, срам и е да ти каже дека ти ја украла идејата, па се прави на тошо за да не сумљаш у неа.
 
Ццццц... На Фемина ни ја украле Moviespotting темата. Уште насловот да го копирале, и таман немало да се мачат ништо да пишуваат:

8YQ4ejS.png

Па оздола и пишале: „Одлична идеја, браво“ :tapp:
Лоповиииииииииииииии!
A sto baras ti na forum od tipot na femina? :icon_lol:
Bajagi sumlivo. :cautious:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Амитито новите модели имаат секундарно согорување и тоа со регулација. Сега ако немат изваено некој ептен нов тип па да им е и тоа изменето. Додуша самото амити има поинаква регулација на воздухот со тоа што има презагревање на примарниот воздух и нормално подобра искористеност.
Кажи некоја претпоставка колку пари би дошло накнадно ставање на котел (материјал и рака) и дали е сигурно така да се прави?
Инаку на другата тема нешто размислував на глас, пиши два-три збора што мислиш и таму, кога ќе имаш време.

Сега малку теорија, да видиме како корелира со праксата.

Кога ќе кажеш за еден камин или штогоде печка на дрва, дека работи ефикасно или неефикасно. Дали тука првенствено мислиш на квалитетот (процентот) на согорувањето? Или можноста споро да се согоруваат дрвата?

Јас колку што разбирам поентата со регулација на согорувањето и регулација на дотокот на воздух, е заради успорување на согорувањето. Нели со намалување на дотокот на кислород, се намалува и ефикасноста на согорувањето? Дрвата поспоро ќе горат но и ќе се добие многу понефикасно согорување.

Или тука стапува на сцена идејата со контролирано секундарно согорување? Прво да се успори согорувањето, и иако така многу од маслата нема да согорат, истите потоа да се согорат во секундарната комора...

Но од овој аспект ако гледаме, нели проблемот првенствено е заради предимензионирање на печката?
Нели е подобро да се земе печка со моќност која на најјакото согорување ќе одговара на топлинските потреби на домот? Отколку да се земе прејака печка и потоа да се успорува согорувањето? (па макар и тоа да се изведе нешто поефикасно).

Идеално би било да се има и топлинска акумулација, но тоа е веќе нешто друго.
 
Незнам на амитито дали може да му се додаде котел, јас немам видено досега. На рустикот му клаваат ама незнам како се имаат покажано и колку се ефикасни, практични и сигурни.
Под ефикасност се подразбира од една количина гориво колку ке извадиш корисна енергија. Ако со иста количина гориво една печка затоплува пример 40 м2 а друга 15 м2 тогаш едната е ефикасна другата во споредба со неа не е. Или можеш на тоа поинаку да гледаш. Колку печката од горивото ке искористи како корисна енергија а колку како нус производ. Колку разликата од едното до другото е поголема толку печката е поефикасна и обратно. Затоа кога ке речат дека една печка има ефикасност од на пример 70% се мисли на тоа дека толку проценти печката претворила во корисна енергија а од остатокот од енергијата немаме корист.
Така да тоа нема некоја врска со колку долго гори дрвото, дали споро или брзо. Што ако гори споро на пример кога повеќе од енергијата што ја ослободува дрвото е чад кој ке замини низ оџак. И што ако гори брзо кога исто така голем дел од топлината ке замини низ оџак. Така да најдобро печката да се гледа како еден карбуратор од кола на пример. Ако соодносот на гориво и воздух не е идеален тогаш колата нема да работи како што треба. Ако има отповеќе бензин ке ги замастува свеќиците пошто ајде да речам нема доволно воздух за тој целосно да согори, а ако има премногу воздух нема да има снага( пример само, ова од ракав го извадив).
По правило ефикасноста на една печка е директно зависна од температурата на која самото дрво согорува а не колку брзо или колку споро согорува.
За секундарното согорување да има воопшто некаков ефект потребна е голема температура во горилникот при која самото дрво ослободува гасови кои при допир со секундарниот воздух се палат и ослободуваат дополнителна енергија наместо да излезат како чад низ оџакот. Така да кога имаме голема температура во горилникот потребно е само онолку количина на проток за да комората остани загреана доволно за да дојди до палење на гасовите. Па така и при сосем мал проток на воздух имаме големо ослободување на топлина која и затоа што нема голем проток ке се зрачи во просторијата наместо да замини низ оџакот.
Така да да најдобро е печката да не е предимензионирана нити преслаба за просторијата која планираме да ја загреваме туку да си биде таман така да таа работи со најголема ефикаснот и најмала потрошувачка. Нити да ја јачиме за да затопли и со тоа да и го скратиме работниот век, нити да ја гушиме и да ја работиме неефикасно. А тоа најлесно ке го пресметаме кога киловатите на печката( под услов да не се напишани од ракав на производителот) ги помножиме со 7 и ке добиеме квадрати на собата ако таа е висока 2.6 м. Ова ви е најлесен начин да пресметате со колкава снага да биде печката.
 
Алас, ми останува само да жалам што немам можности да направам „ракетна печка„ со термална акумулација (заради ограничена носивост на објектот). Најдоброто од сите аспекти на греење со дрва. ;)
 
HERA-02-2.jpg

http://www.mbs.rs/hera_sr.html
Oваа ми се чини најдобра од печките „ смедеревац “
Во внатрешноста, паралелно горната плоча има хоризонтална метална плоча до половина на печката, така да чадот не оди дирекно во пџакот
Вратите се лиени и имаат плетенки за подобро дихтување
Влез за секундарен воздух нема.
Но има една погодност што дугите печки ја немаат
За согорување на дрвата нема рамна решетка., туку има кош кој е со форма на подсечена пирамида
Така да помеѓу кошот постои простор да воздух од пепелникот, влезе дирекно во горниот дел на ложиштето и на тој начин да се оствари секундарен воздух
Цената на оваа печка е 9960 ( има акција )
Што мислите за оваа печка?
Ве молам да прошетате по дуќаните и да постирате податоци за печки. Или ако имате печка и сте задоволни од Вашата печка да известите.
Сакам да купам печка, а тоа го препорачувам на сите кои се затоплуваат на струја или парно
Видовте како пред неколку недели мрзнеа во Америка и Европа кога милиони останаа без струја поради невреме. А таму за струја се грижи власта. А кај нас се е препуштено на лепотаните од регулаторна а од нив ништо не очекувајте. Нив ги интересира само лепота
 
Da se kupuva pecka na drva samo poradi nevremeto vo Amerika mi zvuci isto kako da se kaze "ne patuvaj so avtobus zosto izleta eden avtobus vo provalija i zaginaa tolku i tolku lugje". Ova najprvo mi tekna, moze bezbroj slicni primeri da se navedat.
Moze da se sluci defekt na elektricna mreza i bez nikakvo nevreme, no da se kupuva pecka 10.000-20.000 den. za da ne se koristi, ili eventualno da se iskoristi ednas vo 5 godini, toa ne mi e razbirlivo.
Druga rabota e sto poveketo lugje koi se great na parno ili struja nemaat kade da stavat pecka na drva. Neizvodlivo e i nepreporaclivo.
 
^^
Kажа штурецот.

Јас дефинитивно би навивал за мравката! ;)
 
Не е така
Во моментов најефтино затоплување е на струја исклучиво со клима и на дрва.
Сето друго , гас, нафта, пелети и се друго е поскапо. Топлификација е ептен поскапа
Ова се факти за кој нема што да се дискутира
Ако Топлификација наплатува 4 - 6000 секој месец цела година, тоа е третина од просечна плата, а половина од просечна пензија, според мене само несериозни користат Топлификација. Да дадеш на Топлификација повеќе од колку што даваш за храна е несериозно или имаш пари за фрлање
Цената на струјата може да се зголеми. Во Германија цената на струјата за домаќинства е 26 евро центи ( кај нас е 10, 5 ). Причина за ова што струјата за домаќинствата во Германија е посебно опорезувана ( овие порези ги има само за струјата за домаќинства )
Затоа треба да се подготвиме за секоја случајност,
Печка на дрва може да се купи и за 6000, а толку е сметката на Топликфикација само за еден месец, а за тебе е „ неразбирливо “ да купиш печка за тие пари. А дали тие е разбирливо да платиш за парно на Топлификација 6000 месечно, секој месец - цела година?
 
Последно уредено:
Исто ме интересира дали оваа печка би се покажала за согорување на пелети во слој
Какво е Вашето мислење за ова?
Мислам дека ова нема да го бива. Горење на пелети мора да биде регулирано и контролирано, пелети во обична печка може да:
- се блокира доводот на воздух одоздола
- неконтролирано јако горење
- брзо горење, зарем на секои 5 минути ќе ја ложиш печката...
 
Спомнував на темава нешто за греење на гас во Струмица.
Конечно добив опипливо нешто.
Претходните пресметки се покажа дека не ми вредеа.
Пријател загрева куќа отприлика како мојата, малце постара од мојата, но со иста столарија и изолација, се грее на гас, настрана инвестицијата во котел за парното на гас и самиот приклучок, месечна сметка доаѓа од околу 20-22000 денари (декември и јануари).
Неисплатливо!
Во мојот случај и за наредната сезона останувам на дрва. Цела сезона ми е околу 50000 денари (20 кубика дрва)
 
Дали некој може да ја протолкува новава одлука која се спрема од град Скопје во врска со климатизерите. Дали треба да е решен само одводот (капењето) или самото поставување надвор е „нагрдување на фасадата“ http://a1on.mk/wordpress/archives/285797
 
Jaс колку што разбрав се работи само за решавање на одводот. Лично мислам дека тоа е сосема во ред.
Се надевам нема потреба да се објаснуваме зошто... :)
 
Back
На врв Bottom