@concrete не е ни кило за кило, нема таков отпорник што 100% електрична енергија ќе ја претвори во топлинска. Зависи од квалитетот, некои греалки имаат и загуби и над 10%.
@мкд владе размислувањето ми беше од аспект на тоа што печките со котел горат понеефикасно затоа што еден од ѕидовите на горилникот е уствари и ѕид од котелот, кој впива топлина и не дозволува развивање на поголеми теператури кои пак се потребни за поефикасно согорување. Од овој аспект ако гледаме, печките со котел исто делумно го ладат чадот и го намалуваат диференцијалот бора наспрема излез од оџакот. Така? Но квалитетно направен оџак со запазени правила, не бара огромни разлики во температура.
Епа во тој случај, од аспект на топлината на чадот, немаме голема разлика дали котелот (изменувачот) ќе биде во горилникот или во оџакот (внатрешниот дел од оџакот, што е во просторијата). Чадот пак ќе биде нешто поладен.
Е сега, тоа што котлите се прават под притисок, тоа е најверојатно заради полесно загревање на водата во нив. Се сеќавате на лекцијата по физика, зошто водата зоврива за различно време во зависност од тоа на која надморска висина сме? Заради притисокот.
Така да претпоставувам дека изменувач во вид на цевка, наместо котел под притисок, би вршел работа но би бил понеефикасен во трансферот на топлина. Што е нешто што може да се компензира со зголемување на површината (големината) на изменувачот.