Што е разликата во принципот на работа помеѓу најобичниот фрижидер дома што го имаш и најобичната клима што ја имаш на ѕидот?
Не збораме за финеси туку генерално, во што е разликата или принципот на работа?.
Нема разлика, односно се минимални. Принципот е тој.Тоа и јас го кажав по претходните постови, веројатно не си ги читал пошто се долги.
Но сепак кога веќе сум тука дали има директна поврзаност на тоа што климата е инвертер со можноста да грее и на ниски температури. Колку што пробуричкав на нет и по други форуми јас таква врска не најдов.
Генералната разлика е тоа што кај "инвертер" климите има DC мотори на кои иаат PWM контрола а со тоа и можност за регулација на брзината, односно вртежите. Кај обичните клими моторите се АС и работат на фиксен напон. Тука нема можност за регулација на вртежите.
Сето тоа е заради тоа што се менува густината на фреонот на одредени температури. Практично со промена на бројот на вртежи на моторот може да се манипулира во коресподенција со густината на флуидот во системот, односно фреонот во овој случај. Тоа им овозможува на овие клими да работат и напониски температури за разлика од обичните а и заштедата на енергија произлегува од овој принцип на работа.
Никој не рече дека овие ке греат повеќе од другите, или ладат повеќе од другите.
Греат, да повеќе од другите кога температурите на обичните им се пречка, односно кога не можат да ги задоволат критериумите за работа под декларирана минимална температура, обично -5 за обичните сплит системи.

