Затоплувањето со огревно дрво е многу економично.
Во денешно време е и едноставно. Порано беше задолжително во текот на пролета или летото се купи дрвото, да се исече и исцепи, да се подготви и да се складира. Денес, тоа не е неопходно. Има бројни складови за дрво и во секое време може да се набави дрво. Има многу наши сограѓани кои не складираат огревно дрво, туку кога им е потребно купуваат половина или еден кубик дрво и веднаш го трошат. По складовите цената на дрвото, заедно се сечање и цепење е околу 3000 денари за кубик. Оваа многу ја олеснува употребата на дрвото, бидејќи не е потребно летно време да складирате дрво ( некои немаат ниту простор за складирање ) и не морате однапред да давате поголема сума пари, туку во сезоната трошите колку е неопходно.
Кубик дрво содржи околу 2500 - 2600 KWh топлина. За затоплување на еден квадрат станбена површина во најстудените месеци ( декември, јануари и февруари ) потребно е да се потроши максимум 25 до 35 KWh Во печката огревот не може целосно да се искористи, но секој може да пресмета во кои граници би требело да му биде максималната потрошувачка
Тие што трошат повеќе треба да проверат зошто имаат поголема потрошувачка и да ја намалат потрошувачката, со тоа што ќе ја подобрат искористеноста на огревот
Честа причина за зголемена потрошувачка е неправилно ложење.
Еве интернет адреса од Швајцарија, кои содржат упатство за начин на долно ложење . Проспектот, е на српскохрватски и е богато илустриран.
http://www.holzenergie.ch/fileadmin...ns/316_RichtigAnfeuernUntAbbrand_SERBISCH.pdf
Еве ја и адресата на органот кој го издал
http://www.awel.zh.ch/internet/baudirektion/awel/de/home.html
--- надополнето: 9 јануари 2014 во 11:50 ---
Во Дневник е објавен напис како поминувале нашите иселеници во поларните студови кои ги зафатија Канада и САД
http://dnevnik.mk/?ItemID=5BC682A6550DCB48A684D1A1066BA6F0
Тука можете да прочитате како се затоплуваат и колку трошат
Интересен е последниот пасос во кој Дарко Јордановски од Канада вели:
Дома имаме централно греење, од куќата директно се влегува во гаража и таа е загреана. Додека се возиме, не чувствуваме студ и гаражите во трговските центри се загреани. Но, проблем е ако паѓа снег, тој мора да се исчисти пред куќата. Ако не, градот казнува. Дома температурата ни е 23 степени. Се грееме на гас, месечно се плаќа 170 канадски долари. Се грее од подрум до покрив - објаснува Јордановски.
Курсот на канадскиот долар е 41,86 денари за канадски долар.
http://www.nbrm.mk/?pmenu=kurslistMKIKL
Значи Дарко греењето го чини 170 * 42 = 7140 денари
Споредете го ова со сметките на Топлификација, а Дарко оволку ќе плати само овој месец, а Скопјани ќе плаќаат цела година.