- Член од
- 13 јули 2010
- Мислења
- 2.795
- Поени од реакции
- 6.209
- Локација
- јужно од бурегџилницата на аголот
Не можев да најдам ништо за ова, најверојатно пошто не го знам англискот термин за „римски стреи„. Кажи кој е англискиот израз, и малку подетално што е се тие „римски стреи„?
бидејќи висината на сонцето е различна секој ден во годината (на пладне во зима сонцето е пониско во лето повисоко)...е сега доколку имаме големи прозори на јужна страна.....се пресметува агол и се гради стреа (натстрешница со одредена должина) така што од есен до пролет (вообичаено за пресметка се земаат рамнодневниците) сонцето е ниско и навлегува низ прозорот и ја грее внатрешноста на просторијата....а од пролет до есен сонцето е повисоко и прозорот е под сенка и нема директно греење на внатрешноста
во комбинација со термална маса овој начин на пасивна климатизација е одличен за загревање во ведрите зимски денови кога температурата надвор е ниска но има сонце


