Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.185
- Поени од реакции
- 37.791
За кој модел на LG?
--- надополнето: 23 октомври 2013 во 00:03 ---
Кои се предностите и негативностите да се оди со мулти-сплит решение, особено ако треба да се покријат 3 соби. Претпоставувам дека ќе ме чини слично како да земам 3 посебни уреди а и ако откаже компресорот секаде прекинува греењето/ладењето но има предности - пр. една надворешна единица вклопена во балконот е покомпактно решение, не ја нагрдува фасадата, не капе врз луѓето долу. Кога во другите соби нема никој може да се спушти температурата на 18 и поголем дел од моќноста да преземе дневната соба.
Отприлика ова што го напиша, со една додавка во листата на негативности: Локацијата на надворешната и внатрешните единици е многу незгоден проблем освен ако немаш идеален распоред на просториите за ваква скаламерија. Должината на цревата кон внатрешните единици е лимитирана, а тука се и естетските реперкусии (многу неповолен ТШМДСС фактор).
Сериозно, мислам дека мулти сплит е лошо решение. Дури и естетскиот момент со фасадата е потепан од нагрдувањето на внатрешноста со цревата, колку и да ги криеш во пластични каналници, пак нема да изгледа убаво.
Ако веќе инсистираш на една надворешна единица, тогаш зошто не воздух-вода варијанта од топлотна пумпа. Цените почињаат од 3-4к еура па нагоре.
Еве пример за таков уред:
http://www.toshiba-estia.rs/index.html
За LG моделот, сега проверив го немаат токму тој модел веќе во Нептун, ама овој со слична цена би требало да има слични перформанси:
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=28_56_144&product_id=205872
Пребарај ја темава, некаде во мај-јуни зборевме за тој модел од ЛГ, човек од форумов (Виндфакер) ја има и беше задоволен. Но конкретно за сегашниов модел ќе мораш да побараш ревјуа на нет.
--- надополнето: 23 октомври 2013 во 00:45 ---
Уф, спецификациите на било што од Нео/Кварт/Шит се исто толку егзактни колку и содржината расказ со слободен состав (ова изгледа не испадна толку смешно колку што се надевавГледав пред да ја земам мојата клима, еден нео инвертер 12-ка во техномаркет, номинал 1 , минимум 600 вати, цена 24.000 и се ми стана јасно.
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 20:59 ---
еве го неото
http://www.tehnomarket.com.mk/products/09119451/neo-acv-inv-12led-r410a
можда вреди за тие пари најмногу поради декларираните -15 ст. на работа али е сепак ризик, кој сака нека проба.

Милион пати подобро Беко за само 100евра повеќе, или GREE за уште малку повеќе. Така барем ќе имаш уред, наместо да ги фрлиш парите за ѓубре.
