со џамче на капакот...
--- надополнето: 13 декември 2012 во 00:02 ---
во моментов надвор е -12 степени...така ми покажува тајмерот во дневна... оној што ми е од северна страна вели -14... ајде да речеме дека е -12... ја испрочитав темава, поготов на владе постот и си викам ајде чисто од куртоазија, иако имам сопствено парно, да ги запалам климите да видам што ке се деси...
ја палам првата, панасоник е, 2,5 киловатна... нема чорав сензор на нејзе, значи она трга и работи цело време.. 4-5 минути и почна да дува млако, па се потопло и потопло.
втората е вивакс од 5,5 киловати.. ја палам нејзе, за 10 секунди се запали сијаличето за дефрост и почиња да прави брз-звррр--зссссс-кррр баммм и пуф се изгасна по 3 минути... по 30 секунди се упали и почна полека полека да дува топло.
и сега... добив дека климите кои не се упалени неколку месеци си тргнаа да си греат без проблем, А НЕ СЕ ИНВЕРТОРИ... меѓутоа ги оставив да поработат 10-тина минути и ги изгасив... зашто? затоа што од 5 простории во станот, они греат 2.. тоа е прво и основно...а второ, повеке ми трошат од мојот систем за греење што го имам монтирано (знам дека 2,5 не е толку туку е 1 киловат електричен и 5,5 е 2,4 киловати електрични) ама сепак повеке ми трошат, поготово за во тоалет кога треба дополнително да упалам и греалка т.е. конвектор.. моето парно помалку троши...
и последната работа.. што ке биде утре вечер кога најавија -19? ке тргнат ли? ај тоа ке ви кажам утре.. ке тестирам и ке пишам... до тогаш, ке си се греам на сопствено парно кое ми грее 100% од мојот стан, со еднаква температура низ него.. во моментов имам 25 степени...