Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Te молам постави линк за печкава,.... изгледа дека е интересна конструкцијатаза економично-сигурно не е , ама ко алтернатива за греење -е интересна идеја- канадскиве печки
мали се- не зафаќаат простор, мобилни се- така да летото може да го преседи во подрум .....
poveliTe молам постави линк за печкава,.... изгледа дека е интересна конструкцијата
Ништо посебно од печка на дрва освем ајде да речам изгледот кој е малце несекојдневен и тие цевките кои служат како разменувач на воздух( додуша и без нив и со нив исто се фаќа).Благодарам,
Инаку јас сум заговорник на идејата дека Граѓаните на Македонија треба да се затоплуваат со домашни горива. Летно време има доволно сонце и се продуцира огромна количина био маса.
За печкава најдов на YouTube
http://www.youtube.com/watch?v=dMEQ4WwKNJM
Me интересира мислењето за оваа печка на учесниците од Форумов @мкд владе @ Dr Zmigo @Sass
Тоа е секундарно согорување ама изведено на многу револуционерен начин. Таму соговрува гасот кој се ослободува при некомплетно согорување на дрвата( по наши чадот) и доаѓа до потполно согорување и голема искористливост на енергенсот. Да не споменувам дека изгледот на каминот е скроз несекојдневен и покрај тоа што има голема енергетска ефикасност и визуелниот ефект е голем плус.мкд владе
Не разбрав долниот дел од ложиштето каква функција има?
Легнато буреНишто посебно од печка на дрва освем ајде да речам изгледот кој е малце несекојдневен и тие цевките кои служат како разменувач на воздух( додуша и без нив и со нив исто се фаќа).
Во глобала стара технологија, нечисто согорување, мала искористливост на горивото, непрактична за чистење.
Едно големо НЕ.
Тоа е моето мислење.
П.с И американците го имаат овој тип на печки само под друго име.
Е да можеш и така да го наречиш.Легнато буре
Де бре паднало -10 и одма како се покажалеUtre cekam info od clenovite koi koristat invertori, kako se pokazale vo ovie ladni denovi![]()

Јас немам клима со инвертор, туку три обични клими и овие ладни денови работат нон стоп без никаков застој или проблем.Utre cekam info od clenovite koi koristat invertori, kako se pokazale vo ovie ladni denovi![]()
со џамче на капакот...Легнато буре
Абе џамче не џамче тоа ти е, иначе кај мене сега моментално е 29 степени и тоа само на една кварцна сијалица од 250 W Сместена во правоаголна алуминиумска кутија со вентилаторче ( моја направија ) се уклучува на 60 - 30 минути некогааш и на 5 минути зависи како се отвара вратата.со џамче на капакот...
--- надополнето: 13 декември 2012 во 00:02 ---
во моментов надвор е -12 степени...така ми покажува тајмерот во дневна... оној што ми е од северна страна вели -14... ајде да речеме дека е -12... ја испрочитав темава, поготов на владе постот и си викам ајде чисто од куртоазија, иако имам сопствено парно, да ги запалам климите да видам што ке се деси...
ја палам првата, панасоник е, 2,5 киловатна... нема чорав сензор на нејзе, значи она трга и работи цело време.. 4-5 минути и почна да дува млако, па се потопло и потопло.
втората е вивакс од 5,5 киловати.. ја палам нејзе, за 10 секунди се запали сијаличето за дефрост и почиња да прави брз-звррр--зссссс-кррр баммм и пуф се изгасна по 3 минути... по 30 секунди се упали и почна полека полека да дува топло.
и сега... добив дека климите кои не се упалени неколку месеци си тргнаа да си греат без проблем, А НЕ СЕ ИНВЕРТОРИ... меѓутоа ги оставив да поработат 10-тина минути и ги изгасив... зашто? затоа што од 5 простории во станот, они греат 2.. тоа е прво и основно...а второ, повеке ми трошат од мојот систем за греење што го имам монтирано (знам дека 2,5 не е толку туку е 1 киловат електричен и 5,5 е 2,4 киловати електрични) ама сепак повеке ми трошат, поготово за во тоалет кога треба дополнително да упалам и греалка т.е. конвектор.. моето парно помалку троши...
и последната работа.. што ке биде утре вечер кога најавија -19? ке тргнат ли? ај тоа ке ви кажам утре.. ке тестирам и ке пишам... до тогаш, ке си се греам на сопствено парно кое ми грее 100% од мојот стан, со еднаква температура низ него.. во моментов имам 25 степени...
