Дали има некој да користи
инфрацрвени панели за греење? Ме интересира ако има некој да
сподели искуство за нив, како и за цени, производители итн.
Инаку јас бев готов да земам панелни конвектори, истите се доста евтини, можат да се најдат за некаде 5000 - 6000 денари за 2,5 KW. Но нешто што не ми се допаѓа кај истите е циркулацијата на воздухот, топлиот воздух како полесен оди во горниот дел на просторијата, значи не ми се допаѓа таа неизедначена температура во просторијата и исто така ако се одалечам од истата да е поладно а премногу блиску до неа да е премногу топло.
Еве еден текст кој што одлично ги опишува инфрацрвените панели, ако добро разбрав ги нема овие проблеми и греењето со нив е поевтино.
------
Мошне малку е пишувано или се знае за греење со инфрацрвени грејачи, како функционира тоа, колку е ефикасно, кои се недостатоците а кои се предностите на истото. Доколку не сте запознати со основните начела на инфрацрвената енергија што е таа можете да прочитате на следниот текст.
Инфрацрвеното греење, за разлика од традиционалните системи на греење, фукнционира на малку поинаков начин. Имено, кај традиционалните системи на греење, како што се струја, нафта или гас, воздухот се загрева и се крева нагоре додека ладниот водух слегува надолу. Така настанува струење помеѓу поладните и потоплите слоеви на воздухот со што се создава една разлика во темепературата во погорните и подолните слоеви на воздухот.
Со инфрацрвените грејни тела не се загрева само воздухот туку и предметите кои се наоѓаат во собата. Така што нема струење во воздухот на оној начин како што може да се забележи кај другите видови на греење. Она што може да се забележи кај овој вид на греење е што подот, околните ѕидови, предметите како и таванот во просторијата зрачат со топлина која ја апсорбирале од инфрацрвените грејачи. Така се добива еден мошне пријатен амбиент кој создава чувство на пријатност кај лицата кои престојуваат во таа соба.
Покрај тоа што еден ваков вид на греење и тоа како позитивно влијае врз здравјето на луѓето, тоа е мошне економично. Имено, споредено со класично греење на струја со конвенционални грејни тела тоа е за
60% поефикасно, што го прави една од поефиканисте методи за греење. Единствен недостаток е можеби нешто поголемата цена на инфрацрвените панели. Ама со оглед на цената на струјата која е во постојан пораст, една инвестиција во еден ваков вид на греење би се вратила за многу кус период.
http://energetskaefikasnost.info/greene-so-infratsrveni-grejachi/#ixzz23LrxKuN0