Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Цените како што идат нагоре, само порно греење.
Онака мислам дека кај нас не е проблемот со греењето колку што имаме проблем со изолацијата, а вградување на квалитетна изолација го прави било кој начин на затоплување поефективен, а со тоа и поекономичен.
 
Во Струмица приклучок на гасовод е 700 евра.
Имам котел на дрва кој може да се преправи на гас (според луѓето кои го монтираа). Годинава ќе сум на дрва. Да видам кои ќе бидат искуствата доколку некој се грее на гас, па догодина, здравје, може и ќе преминам...
Битно е колку чини еден КWh.
На дрва чинeшe 1,20 денари за 1 КWh но во котелот за дрва не можеш се да искористиш. Се искористува од 30 до 50%, ретко до 70%, зависи колку квалитетен котел имаш и како вешто го ложиш.
Еден литар ТНГ содржи прибижно 10 КWh, ако ја знаеш цена по која можеш да го набавиш, лесно е да пресметаш колку чини еден КWh.
Инаку во септември ќе бидат познати цените на сите горива па ќе можеме да направиме табела
 
Да, многу веројатно дека и останатите ќе го следат растот на струјата, мислам на останатите енергенси за загревање (гас, дрва, парно) ... така да не чека само убавина не за така долг период еве го за само 2 месеци!
Но ние нели нема да престанеме да истражуваме да даваме совети, кажуваме за искуства и да наоѓаме и предлагаме идеи за поекономично и поквалитетно загревање на просториите во кои живееме или работиме.
Па така и јас ете и со ризик да бидам исмеан и критикуван.... најдов нешто на нет, гориво за кое мислам дека во темава нема пишувано. Најдов еден јапонски производител на грејни тела и инвертери... За грејното тело, можеби и некој ќе се насмее, бидејки ваков енергенс единствено на аеродром има!? Керозин! :)
Но има и печки на земен гас... вреди да се погледне.
еве линк:
http://www.corona.co.jp/en/index.html
но! Доколку е ова нереално и непримениво, еве нешто што мене ме одушевува од истиот производител! По глупав сајт од јапонца или од било кој друг што важи за сериозна фирма, а овие (Corona) можам да заклучам само по зградата во која се сместени дека се таква фирма...само на јапонски имаат сајт на кои се прикажани инвертерите.... Но затоа ние имаме фини комшии кои не само што преведуват туку и увезуваат од овој производител. Значи она што ме одушеви, моделот на Corona CSH-B229G Внимание! Претставен како ХИПЕРИНВЕРТОР.... фантастичен COP od 5.55!!! со моќ од 2,6 максимум до 3,6 Kw/h и просечна потрошувачка од неверојатни 0,45 Kw/h http://www.termo-klima.com/bul/full_info.php?recid=320 ....
И она што е најневеројатно во сето ова е цената! 1,200 Љавчета... Значи за само 600 Евра (таму во Б‘лгарија) Дури и да се донесе тука со ослободување од нивниот данок и плаќање наш + царина, сигурно нема да оди преку 650! ЕДИНСТВЕНО 3-годишната гаранција се губи....НО! Еден јапонски хиперинвертор кој би овозможил квалитетно загревање на 15-20м2, а цената која би ја платиле за ел. енергија за истото.... колку? факинг 1000!? За мобилен и кабловска даваме појче.... мене и со вода ме ебаа последните 2 месеци со приближно толку! Да резимирам. Хиперинвертер од Јапан особено, од ниеден бренд НЕМА испод 1000 Евра! Ни од Daikin, Mitsubishi, Fujitsu Toshiba.... E сега овој Јапанац не е така познат бренд овде... ама јеби га, сепак е ЈАП.
Ми се чини би било и одличен бизнис, доколку некој наш ташаклија се *осмели* што вели Владата и донесе овде ваква убавина!
 
Битно е колку чини еден КWh.
На дрва чинeшe 1,20 денари за 1 КWh но во котелот за дрва не можеш се да искористиш. Се искористува од 30 до 50%, ретко до 70%, зависи колку квалитетен котел имаш и како вешто го ложиш.
Еден литар ТНГ содржи прибижно 10 КWh, ако ја знаеш цена по која можеш да го набавиш, лесно е да пресметаш колку чини еден КWh.
Инаку во септември ќе бидат познати цените на сите горива па ќе можеме да направиме табела
ХМммм... сеуште немаат објавено колку ќе чини гасот. Само за приклучокот рекоа.
 
ХМммм... сеуште немаат објавено колку ќе чини гасот. Само за приклучокот рекоа.
Почекај... Не брзај... Ќе пресметаме што ти е најповолно..
Старите наши велат: Три пати мери, еднаш сечи...
 
Ми треба помош околу ладење и греење на спрат од куќа на струја... размислував за две клими со инвертер кои ќе топлат до -17 и два панели за додатно загревање, но некако сумливи ми се климиве за во зимо па размислувам за тотем
http://www.tehnomarket.com.mk/products/09036936/neo-acc-hh42lw-eur
грее без проблем до минус милјон :) ....дај некој ако знае нешто повеќе за нив нека ме советува нешто или кажете некоја друга варијанта
 
Одбери каква сакаш.... Јас имам три клими сите се различни и сите се обични ( не се со инвертор ). Минатиот февруари сите три грееа беспрекорно на минус 22 С.
Оваа што си ја одбрал ми се чини многу скапа....
 
Ми треба помош околу ладење и греење на спрат од куќа на струја... размислував за две клими со инвертер кои ќе топлат до -17 и два панели за додатно загревање, но некако сумливи ми се климиве за во зимо па размислувам за тотем
http://www.tehnomarket.com.mk/products/09036936/neo-acc-hh42lw-eur
грее без проблем до минус милјон :) ....дај некој ако знае нешто повеќе за нив нека ме советува нешто или кажете некоја друга варијанта

Оти мислиш дека грее до минус милион?...Како и сите други и оваа клима има надворешна единица, плус не е инвертер и најверојатно функционира до минус 5. Друга работа е што климава е 42000 БиТиЈу и троши 9 КВ на час за греење што и не е баш малку, ајде можеби би било тоа во ред ако целиот спрат ти е отворен и немаш соби.
Вакво нешто е наменето за отворени простории над 100на квадрати како банка, локал, изложбен салон и слично.
Напиши ја квадратурата на 4те соби што ги имаш на спратот и колку време тие истите треба да бидат затоплени, па можеби ќе се измисли нешто.
 
Да има единица која стои надвор или на плоча тешка е 100кг и има вградени греачи за зимно време кои не дозволуваат да мрзни тоа што е внатре поради тоа нема ограничување на минус температура. Сакам да ја ставам во салон од каде ќе лади и грее. Квадратурата за ладење е 200м2 па не ни мора сите да ги лади, а за греење мислам да греам само 100м2.
 
Отворен простор е тоа што треба да го лади-грее климава или пак соби кои планираш да ги ладиш-грееш со отворени врати?
Еве пресметај си сам колкава клима ти е неопходна за просторијата, 200 квадарти нема шанси да ти ги излади кулеров .http://www.calculator.net/btu-calculator.html

Друга работа е што многу троши...9 КВ од час без додатните грееачи надвор кога ќе падни температурата...Колку КВ од час трошат греачите надвор за одржување на температура? Нека биде 10 КВ од час во просек што е скоро колку едно електрично котле за парно.
По мое посиплатлива варијанта ти е да земиш повеќе помали инвертори и да ги распоредиш во сите соби. Поскапа варијанта од старт, но ќе можеш да ги пушташ по потреба и да ја контролираш потрошувачката. Сигурно не живеете во 4 соби нон-стоп цела фамилија, туку ги користите по потреба.
 
Mala ispravka,
Ne trosi 9kw, tuku oddava kon okolinata toplinska energija od 9kw,
mislam deka principot na rabota e kako klima (topl. pumpa itn...),dali ima nadvoresna edinica ili ne, dupka u zid itn...
--- надополнето: 12 август 2012 во 07:00 ---
Aj malce okolu ovie klimi koj ima iskustvo poveke, ne gledam nekoj od renomiranite proizvoditeli da prodava vakvi ili gresam ...
--- надополнето: 12 август 2012 во 07:08 ---
Aj napamet da kazam, ovaa klima bidejki nema nadvoresna edinica (mislam deka e bez) ke buci u soba mnogu, kondenzatot treba da se zbira vo kofa ili sl, kade ke odi topliot vozduh (dupka u zid i nadvor ili,,,) ???
 
Отворен простор е тоа што треба да го лади-грее климава или пак соби кои планираш да ги ладиш-грееш со отворени врати?
Еве пресметај си сам колкава клима ти е неопходна за просторијата, 200 квадарти нема шанси да ти ги излади кулеров .http://www.calculator.net/btu-calculator.html

Друга работа е што многу троши...9 КВ од час без додатните грееачи надвор кога ќе падни температурата...Колку КВ од час трошат греачите надвор за одржување на температура? Нека биде 10 КВ од час во просек што е скоро колку едно електрично котле за парно.
По мое посиплатлива варијанта ти е да земиш повеќе помали инвертори и да ги распоредиш во сите соби. Поскапа варијанта од старт, но ќе можеш да ги пушташ по потреба и да ја контролираш потрошувачката. Сигурно не живеете во 4 соби нон-стоп цела фамилија, туку ги користите по потреба.

Планирам да стои тотемот во салон и да грее и лади цело време па јас кога сакам и која соба сакам да ја отворам и да се грее
Размислував за инвертер клими но не знам што ќе се прави кога температурата надвор е -20-30 ем поскапо е со клими ем нема шанса да се греам цела зима ќе мора да се појачува со некој панел...додатен трошок но и 4-5 единици за греење ќе имам(комплицирано).
Знам дека тотеми има од 7-15kw мене ми треба максимум 12kw, вчера прашував во техномаркет никој не знаеше да објасни ....
 
Дали има некој да користи инфрацрвени панели за греење? Ме интересира ако има некој да сподели искуство за нив, како и за цени, производители итн.
Инаку јас бев готов да земам панелни конвектори, истите се доста евтини, можат да се најдат за некаде 5000 - 6000 денари за 2,5 KW. Но нешто што не ми се допаѓа кај истите е циркулацијата на воздухот, топлиот воздух како полесен оди во горниот дел на просторијата, значи не ми се допаѓа таа неизедначена температура во просторијата и исто така ако се одалечам од истата да е поладно а премногу блиску до неа да е премногу топло.

Еве еден текст кој што одлично ги опишува инфрацрвените панели, ако добро разбрав ги нема овие проблеми и греењето со нив е поевтино.
------
Мошне малку е пишувано или се знае за греење со инфрацрвени грејачи, како функционира тоа, колку е ефикасно, кои се недостатоците а кои се предностите на истото. Доколку не сте запознати со основните начела на инфрацрвената енергија што е таа можете да прочитате на следниот текст.

Инфрацрвеното греење, за разлика од традиционалните системи на греење, фукнционира на малку поинаков начин. Имено, кај традиционалните системи на греење, како што се струја, нафта или гас, воздухот се загрева и се крева нагоре додека ладниот водух слегува надолу. Така настанува струење помеѓу поладните и потоплите слоеви на воздухот со што се создава една разлика во темепературата во погорните и подолните слоеви на воздухот.

Со инфрацрвените грејни тела не се загрева само воздухот туку и предметите кои се наоѓаат во собата. Така што нема струење во воздухот на оној начин како што може да се забележи кај другите видови на греење. Она што може да се забележи кај овој вид на греење е што подот, околните ѕидови, предметите како и таванот во просторијата зрачат со топлина која ја апсорбирале од инфрацрвените грејачи. Така се добива еден мошне пријатен амбиент кој создава чувство на пријатност кај лицата кои престојуваат во таа соба.

Покрај тоа што еден ваков вид на греење и тоа како позитивно влијае врз здравјето на луѓето, тоа е мошне економично. Имено, споредено со класично греење на струја со конвенционални грејни тела тоа е за 60% поефикасно, што го прави една од поефиканисте методи за греење. Единствен недостаток е можеби нешто поголемата цена на инфрацрвените панели. Ама со оглед на цената на струјата која е во постојан пораст, една инвестиција во еден ваков вид на греење би се вратила за многу кус период.

http://energetskaefikasnost.info/greene-so-infratsrveni-grejachi/#ixzz23LrxKuN0
1_emiter_Slika_4_white_room.JPG
 
Kade kaj nas moze da se najdat ovie paneli???
Odi na sajtot na Graniterm ima nesto poveke za infracrvenoto greenje (mermerni paneli)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom