ме интересира за затоплување за поголеми простори...колкава клима би требала за пример простор од 90м2 за кука...инвертор ама колкава големина која би ја користел за одржување на температурата во момент кога ќе падне топлината од каминот?
дали имате некој предлог фирма или линк идеа каде и како би пресметал колкава клима би ми требала...поздр и браво за тема
Најубаво да се обратиш директно кај увозниците на брендирани топлотни пумпи... како на пример Енергија... сега не ми текнува на другите, бидејки таков систем за греење со топлотна пумпа во продажба на залиха сигурно нема во МК... најмалку пак ќе најдеш во продавници кои продаваат меѓу најразновидна електроника и клими, инвертери и други грејни тела...
По балканскиве сајтови најдов некои чудовишта за така големи простории.... и велиш простор од 90м2!? Што е тоа, концертна сала, спортска или сала за семинари и конгреси!?

Штом живееш во толкава просторија тогаш би можел да ги видиш и размислиш за следниве производи... кои и не се така евтини!
http://www.termo-klima.com/bul/full_info.php?recid=59
http://www.termo-klima.com/bul/full_info.php?recid=61
со овие топлотни пумпи како ги нарекуваат или инвертери што би рекле, при услови на добра изолација (ОВА НИКОГАШ ДА НЕ ГО ЗАБОРАВИМЕ!!!) и солидна надворешна столарија со термопан стакло, се разбира и собни врати кои дихтовет.... би можел со скромни просечно потрошени 2-2,5Kw да ја загрееш квалитетно толкава просторија, а да потрошиш колку калорифер што троши! Што пак би значело месечна сметка помала од 5000 ден)... А 90м2 - затоплени!
или најевтино од Мидеа (кинески производител)
http://www.termo-klima.com/bul/full_info.php?recid=79
мислам и овде можеш да го набавиш, ама прашање е колу ќе ги исполни очекувањата!? Но за да ја одржува температурата од каминот не би требало да е проблем....
Мислам дека НИШТО од ова не ти треба! Го имаш најубавото грејно тело и најубавиот начин на затоплување!