наместо да пишувам, појди на нашиот сајт и прочитај убаво... ги имаш сите одговори на сите прашања... поготово за течноста...Значи време е да чуеме некое објаснување за кано системите. Некој коефициент на вложена енергија - добиена топлина, а не ќе биде лошо и да слушнеме дали течноста/ите кои ги користи во системот ги оштетуваат радијаторите како што некои навестија а кано не даде конкретен одговор. Доколку добиеме одговори на овие прашања, и тие се во рамките на она што тој го тврди, сигурен сум дека ќе има барем десетина нови муштерии кај него.
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 22:15 ---
Токму така, од мое искуство, не од рекла-казала. А за мерење, имам мерач.
Ако добро го интерпретирам твојов одговор, значи ли тоа дека така кај мене се погодило да работи со таа потрошувачка, и дека на друго место би трошело многу повеќе струја, тоа ли сакаш да кажеш, па затоа просекот не е добар? Уредот си работи точно онака како што си е наведено во документацијата, незнам зошто на друго место би работел поинаку. Зборуваме за потрошувачката на струја,не?
друже... инвертор климите се буквално на кој како ке му се погоди... еве пример, вечерва ме нанесе парт да јадам во вили кај универзална на автобуската... инверторот им беше вклучен, во просторијата едвај 10 степени а он дува млако... излегов го подразгледав малку, го прислушав како работи и знам што му е маката... не битно што е маката, сакав да кажам, ако не веруваш, појди и види или увери се сам, дека имаат инвертор 3,5 во просторија од 3Х5-6 значи 15 до 18 квадрати и внатре е грч ладно...
Еднаш пишуваш дека ако почнеш такви работи да кажуваш ќе те банираат, после викаш дека системот е варијабилен и неможе да се дадат тие податоци. Одлучи се што е посреди, вака оставаш впечаток дека нешто криеш, да не употребам некој посилен збор.
Термичар би требало да знае дека термика е егзактна и мерлива наука. Се слагам дека за секој простор потребна е различна сила, меѓутоа правиме муабет за технички карактеристики. Односно, колку енергијата што се вложува во системот ќе оддаде топлина. Тоа е кофициент што треба да се движи во тесни рамки. Друг е муабетот колку таа топлина ќе успее или нема да успее да го стопли просторот, па според тоа ќе се димензионира и самиот систем.
што се однесува до прашњето зашто не пишувам на форум... убаво ти реков дека има забрана да се рекламирам, зашто еднаш и бев веке баниран... се што ке почнам да објаснувам јас како јас за кано системот, ке биде израчунато како рекламирање и ке си сносам санкции... меѓутоа и братот еднаш се закачи на форумов, и он објаснуваше па и него го банираа... значи во ред е да се прави муабет за клима или котли или било што се додека не почне да се форсира еден бренд.. јас така го сваќам и тоа си е правило на форумов... реков, нема више да зборам, па кој како ке свати нека свати... поканата и понатака стои да се присоберете колку сте заинтересирани и да дојдете во офис кај нас па таму ке дискутираме до миле воље... и додека упорно да ме бомбардирате со напади дека несакам да одговорам и дека нешто кријам, јас културно ќутам за вашето ај ке речам избегнување (да не кажа, по тежок збор) на моите неколку јавни покани да дискутираме очи во очи, уз кафе и сок, да ви одговорам на сите прашања.
а и уште една работа не ми е јасна, од форумов има барем 10 личности на кои им е монтиран кано системот.. од етички а богами и законски причини (закон за дискреција) никого нема да прозивам, само ме чуди што не коментираат ништо... уствари кај нас и така е секогаш, кога нешто не чини на голема уста се лае, да се оцрни и исплука некого први сме, а кога треба да се пофали некого или нешто, е тогаш веке сме ќутливи и тоа многу...