За ова не си во право. Инверторот при вклучување (ова го кажувам од конкретно искуство со мојот 3,5, ама не би требало да е многу различно и кај другите) работи со максимална сила 1,4 киловати и тогаш дува не топол, туку врел воздух. Меѓутоа така работи само првите десетина минути. После преоѓа во режим на 900-950 вати, а кога ќе ја постигне бараната температура, за одржување на истата троши околу 400 вати и во тој режим работи поголемиот дел од денот.
Во последниве две недели, поради празниците, се вртевме по цел ден дома и инвертерот дуваше нонстоп. Дневната потрошувачка се движеше од 6-8 киловати, вклучување 6-7 сабајле, исклучување после 22-23ч. Па ти сега пресметај колку троши просечно на час...
И за ова неможам да се сложам. При греење има многу помала промаја отколку при ладење и воопшто не се приметува, освен ако не седиш баш под климата. А и буката е неприметна, особено дење ако има луѓе или работи телевизор или радио, нема шанси да ја слушнеш, фрижидерот кога работи е погласен. Можеби друга работа е ноќе, за спиење ако се користи, ама за тоа не можам да кажам, бидејќи во дневна е ставена, спалната со друго се грее.Спецификации и технички карактеристики повеќе пати ти бараа членови на форумов, и стално не ги објавуваш со истиот изговор. Зошто барем на сајтот не ги објавиш, гледаш дека се барани