Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
За ова не си во право. Инверторот при вклучување (ова го кажувам од конкретно искуство со мојот 3,5, ама не би требало да е многу различно и кај другите) работи со максимална сила 1,4 киловати и тогаш дува не топол, туку врел воздух. Меѓутоа така работи само првите десетина минути. После преоѓа во режим на 900-950 вати, а кога ќе ја постигне бараната температура, за одржување на истата троши околу 400 вати и во тој режим работи поголемиот дел од денот.
Во последниве две недели, поради празниците, се вртевме по цел ден дома и инвертерот дуваше нонстоп. Дневната потрошувачка се движеше од 6-8 киловати, вклучување 6-7 сабајле, исклучување после 22-23ч. Па ти сега пресметај колку троши просечно на час...
И за ова неможам да се сложам. При греење има многу помала промаја отколку при ладење и воопшто не се приметува, освен ако не седиш баш под климата. А и буката е неприметна, особено дење ако има луѓе или работи телевизор или радио, нема шанси да ја слушнеш, фрижидерот кога работи е погласен. Можеби друга работа е ноќе, за спиење ако се користи, ама за тоа не можам да кажам, бидејќи во дневна е ставена, спалната со друго се грее.Спецификации и технички карактеристики повеќе пати ти бараа членови на форумов, и стално не ги објавуваш со истиот изговор. Зошто барем на сајтот не ги објавиш, гледаш дека се барани ;)
пријателе, ти збориш од искуство кај тебе... патем речено како го измери моментот дека работел со 400 вати? ај не е битно тоа, нај битно е дека збориш за кај себе дома и вадиш просек од еде стан и евентуално искуството на “комшијата“ или можеби некој “пријател“.... друже, не заборавај дека сум термичар и малку повеке ги знам проблематиките отколку што ти имаш искуство со 2-3 клими... јас имам бааги повеке клими низ раце пројдено...

понатака за прашањето зашто не давам податоци поготово не на форум, а уште помалку на сајтот... ако си го прочитал убаво сајтот наш, сигурно на неколку места ја имаш прочитано фразата: СИСТЕМОТ НЕ Е СО ФИКСНА СНАГА И Е СО ВАРИЈАЦИИ ОД ОБЈЕКТ ДО ОБЈЕКТ, т.е. за секого е различно... и сега како и зашто да дадам податоци на сајт или форум... едноставно не постои генерализирање на податоци за сите исто... јас не продавам клими со фиксни снаги... снагите се штеловаат на објект на лице место...
 
Contagion од Содерберг добар е? или од тензија ни т/просек/копија на Outbreak?
 
Заеби ја Саша. Прекина онаква кариера пред 10-тина месеци....:place:
 
Следнава ноќ, се очекуваат ниски температури, кои можеби оваа сезона нема да се повторат
Вистински момент да извршите проба дали Вашата клима вечерва ќе работи на вакви екстремно ниски температури.
Исчистете го филтерот на внатрешната единица, подесете на греење со најсилно дување, поставете 26 степени и после 22 часот пуштете ја климата да работи цела ноќ.
Оваа проба ќе Ве чини помалку од 10 KWh потрошена електрична енергија.
 
да да... дефинитивно ке биде добар тест... потенцијални рекордери за нај ниска температура, се прогнозираат да бидат битола, прилеп, крушево, и виница, каде ке иде темпратурата и под -20... за скопје се спомиња -15 и подоле.. за скопје јас ке ви кажам колку било нај ладно... имам мерачи на сите страни... и офис и магацина и работилница и дома...
 
понатака за прашањето зашто не давам податоци поготово не на форум, а уште помалку на сајтот... ако си го прочитал убаво сајтот наш, сигурно на неколку места ја имаш прочитано фразата: СИСТЕМОТ НЕ Е СО ФИКСНА СНАГА И Е СО ВАРИЈАЦИИ ОД ОБЈЕКТ ДО ОБЈЕКТ, т.е. за секого е различно... и сега како и зашто да дадам податоци на сајт или форум... едноставно не постои генерализирање на податоци за сите исто... јас не продавам клими со фиксни снаги... снагите се штеловаат на објект на лице место...

Skepar даде многу добро објаснување на просторот во кој ќе живее,

"Пример просторот во кој ќе живеам откако ке се преселам е околу 100 м2 имам отворена дневна+трпезарија+кујна во форма на Г со површина од 40м2, останатите соби се една спална 20м2 и една децка соба 10м2 и две купатила+салон околу 30м2. Имам двојна изолација сендвич зидови + демит фасада со 5цм стиропор. Додека дограмата ми е дрвена Леснина словенска со термопан стакла.
Дневниот простор е Југо-Исток , спалната е Југ едното купатило и децката соба се на Запад додека на север немам ништо или на север е практично само надворешниот салон во куќата."

Никој не прашува колку пари ќе чини системот, нити колку пари ќе троши месечно корисникот, туку техничка карактеристика за потрошувачката на системот. Ако си термичар тогаш нема да ти биде проблем за овој простор да кажеш колку kW инсталирана снага се потребни и колку системот би трошел при 7 оС надворешна температура. Сите уреди кои работат на принцип на топлинска пумпа инвертер имаат потрошувачка зависна од оптоварувањето (надворешна температура, посакувана внатрешна температура, јачина на дување на вентилатор, итн..) но сите производители даваат COP, EER или ESEER фактор при одредена температура и/или крива на потрошувачка при различни надворешни температури. Се развива стварно интересна дискусија и добро би било и оваа "енигма" за факторот на искористување на Кано системот да се открие. Секој кој би сакал да инвестира во нов систем или да направи споредба меѓу два типа на системи би му бил потребен овој податок и тој не би требало да биде никаква тајна.
 
Да ли некој од вас има котли базирани на електрочиза или пак што мислите за ваков вид на котли?
 
Не знаев кај да го пишам ова, дали кај резимето 2011, дали кај темата за Глобусите. Сепак, еве овде. Има скринер од The Descendants.
 
Проверен скринер?
Пошто немам ГБ за експерименти :)
 
Проверен да, не е лажен, на бугарските тракери нема такви работи. Има и семпл за проверка на квалитетот.
 
пријателе, ти збориш од искуство кај тебе... патем речено како го измери моментот дека работел со 400 вати? ај не е битно тоа, нај битно е дека збориш за кај себе дома и вадиш просек од еде стан и евентуално искуството на “комшијата“ или можеби некој “пријател“....
Токму така, од мое искуство, не од рекла-казала. А за мерење, имам мерач.
Ако добро го интерпретирам твојов одговор, значи ли тоа дека така кај мене се погодило да работи со таа потрошувачка, и дека на друго место би трошело многу повеќе струја, тоа ли сакаш да кажеш, па затоа просекот не е добар? Уредот си работи точно онака како што си е наведено во документацијата, незнам зошто на друго место би работел поинаку. Зборуваме за потрошувачката на струја,не?
ако отвориме опширна тема за кано системот, ке се десат 2 работи:
-ке ме банираат
-ке ја заклучат темата
друже, не заборавај дека сум термичар и малку повеке ги знам проблематиките отколку што ти имаш искуство со 2-3 клими... јас имам бааги повеке клими низ раце пројдено...

понатака за прашањето зашто не давам податоци поготово не на форум, а уште помалку на сајтот... ако си го прочитал убаво сајтот наш, сигурно на неколку места ја имаш прочитано фразата: СИСТЕМОТ НЕ Е СО ФИКСНА СНАГА И Е СО ВАРИЈАЦИИ ОД ОБЈЕКТ ДО ОБЈЕКТ, т.е. за секого е различно... и сега како и зашто да дадам податоци на сајт или форум... едноставно не постои генерализирање на податоци за сите исто... јас не продавам клими со фиксни снаги... снагите се штеловаат на објект на лице место...
Еднаш пишуваш дека ако почнеш такви работи да кажуваш ќе те банираат, после викаш дека системот е варијабилен и неможе да се дадат тие податоци. Одлучи се што е посреди, вака оставаш впечаток дека нешто криеш, да не употребам некој посилен збор.
Термичар би требало да знае дека термика е егзактна и мерлива наука. Се слагам дека за секој простор потребна е различна сила, меѓутоа правиме муабет за технички карактеристики. Односно, колку енергијата што се вложува во системот ќе оддаде топлина. Тоа е кофициент што треба да се движи во тесни рамки. Друг е муабетот колку таа топлина ќе успее или нема да успее да го стопли просторот, па според тоа ќе се димензионира и самиот систем.
 
Значи време е да чуеме некое објаснување за кано системите. Некој коефициент на вложена енергија - добиена топлина, а не ќе биде лошо и да слушнеме дали течноста/ите кои ги користи во системот ги оштетуваат радијаторите како што некои навестија а кано не даде конкретен одговор. Доколку добиеме одговори на овие прашања, и тие се во рамките на она што тој го тврди, сигурен сум дека ќе има барем десетина нови муштерии кај него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom