Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Во ред ќе го пробам ова само кога е пуштено на греење многу слабо дува вентилаторот на климата дури и кога е на најсилно, а јас очекував да дува топол воздух, за разлика од тоа кога е ставена на ладење одма се осеќеа ладно.
 
Народе, ако може да ми препорачате фирма за инсталација на парно греење. Веќе имам парно на дрва, ама сакам да го префрлам на струја. Можеби има и поекономични варијанти ама откако видов кај пријател дека грее 140 квадрати, а највисоката сметка за струја минатата зима му беше 13.000 денари, одлуката е донесена. Сега сакам да најдам фирма со која имате позитивни искуства. Ви благодарам однапред

Zdravo.

Te molam daj nekolku podatoci: kakov objekt (stan/kukja) se tie 140 kvadrati, kakva izolcaija ima na fasada, kakvi prozori i sl.
Dali e objektot graden po standardi za niskoenergetski objekti ?
Jas na struja gream okolu 150 kvadrati klasicna kukja bez posebna izolacija i minatata godina najvisokta smetka bese dvojno povisoka od onaa sto ja kazuvas. I planiram da smenam drug sistem na greenje (Peleti mozebi)
доколку се греете на струја на класичен котел електричен, тоа е уствари еден обичен бојлер во кој се напикани греачи со голема моќност во тесен простор, и е налик како на проточен бојлер. е сега прикаската е дека тој начин на греење на водата има и одредени загуби кои стигаат до бројка од 55% односно просечно е околу 45%. значи пола, одкако ке се пресмета потрошената струја, при процесот на создавање топлинска енергија, до примопредавање на водата преку сите бариери во водата се пјавуваат загуби од околу половина капацитет. затоа и со електричните котли е потрошувачката толку голема. да претпоставм дека WIN311 електричниот котел ти е со снага од 18 или 24 киловати. кога би поставил КАНО систем, тоа би отишло за 50% подоле и потрошувачката автоматски ке биде прполовена. за тој објект снагата со КАНО системот би била максимално 12 киловати, и потребен е систем КАНО3, затоа и тврдам дека потрошувачката ке ти биде двојно помала со овој систем одколку со електричен котел. за да не испадне дека се рекламирам на форумов, повелете на нашиот веб сајт, има таму контакт форма а има и телефони, па стапете во контакт со нас. нашиот веб сајт е кано.ком.мк (намерно го пишав кирилица) или едноставно во гугл напишете кано греење ке ви излезе нашиот линк меѓу првите, кликнете на почетна страна и читајте, па контактирајте со нас...
 
Во ред ќе го пробам ова само кога е пуштено на греење многу слабо дува вентилаторот на климата дури и кога е на најсилно, а јас очекував да дува топол воздух, за разлика од тоа кога е ставена на ладење одма се осеќеа ладно.
Moжно е да е расипан вентилаторот, но најчесто е нечист филтерот, затоа пробај и јави како си поминал
 
Ај некој поупатен што е во парнаџискиве работи.Дали би се исплатело да ставиш калориметар за парно и да плаќаш на тој начин сметка.Се работи за куќа добро изолирана со своја подстаница на железарското парно.Во куќата нема никој од 8.00 до 16.00.
Или како да се пресмета колку би испаднале сметките со тој начин на наплата.Се јавив кај нив само ми дадоа информација, дека цената е 1966денари без ддв за MWh.Друго незнаеше да каже:mad:
Истата дилема ја имам
 
на дрва дефинитивно е најекономично засега, за тие во стан малку е потешко
 
на дрва дефинитивно е најекономично засега, за тие во стан малку е потешко

Зошто на дрва најефтино? Колку кубици трошиш во грејна сезона? Јас мислам дека инвертер клима е најефтина варијанта и покрај поскапувањето на струјата, само што инвестицијата на старт е поголема.
 
ДА не знае некој дали можат да се најдат готови исцепени дрва и колку се поскапи од обичниве?
Иначе, да инвертер е наисплатлива работа,сега за сега, додека струјава е со овие цени.Но што ако се качува со 10-20% годишно.
 
Moжно е да е расипан вентилаторот, но најчесто е нечист филтерот, затоа пробај и јави како си поминал
Во ред е, требаше да почекам малку за да почне дува, неколку минути и тоа не почна одма топло да дува, му треба време а надвор како што проверив на нет температурата е -3. Би можел уште една или две обични клими да купам и уште нешто или обични греалки или можеби фенкојлери за кога е најладно, како што знам климите не се многу ефикасни кога надвор температурите се ниски а кога е повеќе од -5 не би ги користел.
Фала многу.
 
ДА не знае некој дали можат да се најдат готови исцепени дрва и колку се поскапи од обичниве?
Иначе, да инвертер е наисплатлива работа,сега за сега, додека струјава е со овие цени.Но што ако се качува со 10-20% годишно.

Ако купиш квалитетен инвертер со коефициент на заштеда од 3,5 и повеќе нема да го осетиш тој ценовен шок. Реално струјата поскапува откако ќе поскапат сите други суровини, нафта, гас па и дрва. Многу е глупава споредбата на било кој тип на греење со дрва. Секогаш дрвата ќе бидат најефтини како инвестиција, но никој не зема во предвид дека тие дрва треба да се исцепат, па да се складираат негде, па да одиш да доставиш ако треба, да чекаш пола саат - саат за да се загрее ако претходно не било уклучено итн...
 
Во ред е, требаше да почекам малку за да почне дува, неколку минути и тоа не почна одма топло да дува, му треба време а надвор како што проверив на нет температурата е -3. Би можел уште една или две обични клими да купам и уште нешто или обични греалки или можеби фенкојлери за кога е најладно, како што знам климите не се многу ефикасни кога надвор температурите се ниски а кога е повеќе од -5 не би ги користел.
Фала многу.
фен којлери? за тоа ти треба силен енергетик... котел со голема снага...
 
фен којлери? за тоа ти треба силен енергетик... котел со голема снага...
Во ред е друже, нешто сум помешал, само барам некое решение за деновите кога е најладно кога нема да можам да ги користам климите, на струја да биде, за котли и слично немам услови, во стан сум.
 
Ајде тема за греење топлење :icon_lol:.

Ова греалкиве на плин што се имам забележано на одредени места штипи или лути на очи од овие помаливе, а некни се изненадив од ова печурката го немаше тоа карактеристично лутење на очи на нос. Е сега прашањето ми е што го предизвикува тоа и како да се избегне, имам две претпоставки првата е дека кај овие помаливе пламенот директно излегува во воздухот а кај печурката тој загрева метал и потоа топлината оди во просторијата, а втората е дека ако е пуштен гасот помалку да тлее ќе загрева и нема да мириса а овие сакаат веднаш да се загрее со тоа се испушта доста гас со тоа и пламен и миризба одвратна која што штипи на нос.
Ваши мислења?
 
Eве колку ќе бидат новите цени за струјата со ова покачување од 8% ( моја преметка со вклучени 33% придонес и 18% ДДВ)
Скапа тарифа.... 5,98 денари за KWh
Ефтина тарифа 2,99 денари за КWh

Вчера еден наш сограѓанин од Тафталиџе купил огревно дрво, го прашав за цената. За метар кубен со транспорт и сечење платил 3000 денари. Кога ќе се пресмета со степен на искористеност на горивото од 30%, него еден KWh ќе го чини околу 4,3 денари
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom