моменталната цена се движи некаде околу 210 евра за тон. сега плус минус ама тука е некаде.
за загревање без проблем ако е наштелована како што треба ке затопли 60м2. во просек треба да троши за целодневно горење една вреќичка денот ( 15 кг ), која кошта околу 200 денари.
зборувам за 8 кв печка обична а не за парно или 6 кв или 10 кв.
значи по некој просек ке поминете два и пол месеци со еден тон, или нешто помалце од 100 евра месецот.
друга работа е што да стварно нема сечење носење, ама сепак печката си бара одржување , чистење горилник пепел такви работи секојдневно. па сега направете есап и видете колку ви се исплаќа. ако ве интересира нешто поконкретно слободно прашајте, тоа што можам ке поможам.
Значи исто како и со дрва е соодносот цена дрва -пелети.. плус предност мислам дека е поголемата површина што се загрева со оваа печка..со печка на дрва не верувам дека можат 60 квадрати да се загреат..предноста за мене е голема , нема потпалување , па да го пазиш да не загасне,цепење ,редење итн.. ме интересира само дали знаеш кој е производителот на овие печки,од која земја се о потекло..иначе фала на одговорот .