флаери и проспекти не се официјална рамка за информација. официјална рамка е како во случајот со кано системите, земаа професионалци да ја испитаат работата и официјално на нивниот сајт за енергетика изнесоа податоци кои се поклопија со тврдењето мое кое пак сум го проверил и докажал уште пред десетина години. уште по голема отврда ми се клиенти кои грееле на нешто а сега се греат на кано систем и можат да ја кажат, покажат и објаснат разликата што ја осетиле...
сепак, според ова што го видов на линков одма кажувам дека повеке од половина не се точни бројките. поготово кога се работи за котли а не шпорети... пази, за делот на табелата кај што е напишано за струјата, вели 95-100% кај електричен котел искористливоста до крајниот потрошувач (радијатор, регистар или подно греење) е 45-50%... 30-35% е кај нафтата исто и кај дрвата... повторувам, зборам за котли, остатокот отиде во небо...
за конвенционалниот т.е. стар тип на шпорети на дрва и на нафта (макар што овие вториве не се употребуваат више) искористливоста е максимално околу 60% и тоа израчуната топлинска снага и од оџакот со должина од 2 метри. 40% отидоа во небо. глупаво е да се дискутира за вакво греење. новитетот со пелетите се докажа дека е бајаги скапо. во просек се 3 вреки пелети на ден а тоа се околу 600 и нешто денари на ден...
еве јавен објект во кој што има ставен котел на пелети е во хотел-ресторант ТИВОЛИ се наоѓа во тетово, кај вториот рамстор. кога ке проаѓате од таму, застанете или појдете и прашајте ги колку им троши пелети на ден. а да нагласам дека е ставен до влезна врата само за да го запре ладниот воздух. друго користат за греење на салата.
и на крај, греењето со котли на дрва излегува околу 5,5 денари топлински киловат, додека кај шпоретите за греење излегува нешто над 4 денари. истото е и со пелетите, само што е малку почиста работа отколку со дрвата...