Како успеваш да се грееш со обични клими? Или користиш инвертори?
Јас имам една обична клима БЕКО, има опција за греење до -5 степени надворешна температура, но некако слабо, не грее, а само пробав да видам како ќе оди? Инаку се греам на Топлификација, но кога ќе пројде грејната сезона пламирам да ги откачам, но сеуште се намам решено која ќе биде алтернативата.
Имам три обични клими, сите се различни и сите одлично греат, но ниедна не е БЕКО. Јас се одкажав од Топлификација и сега ми е четврта сезона како се греам со нив, најнапред имав две, а оваа година купив трета, сите се обични. Никогаш не сум имал застој на греењето, иако температурата паѓала на минус 17-18. Намерно не ги наведувам нивните типови, бидејќи тоа би била непотребна реклама, а забележав дека овде има и такви постови. Но имам пријател кој има таква клима и тој сосема солидно се грее, а други мои пријатели имаат други типови клими и сите добро се греат.
За да провериш дали твојата клима добро ќе те грее направи го следново:
Најнапред, добро исчисти го филтерот на внатрешната единица, истреси го, всисај го со павосмукалка, а ако е замастен, испери го со млака вода и детерџент.
Наместија климата на греење, на 26 степени, дување на најсилно и пуштија да грее цела ноќ. За една ноќ, таа ќе потроши помалце од 10 KWh, а ти ќе се увериш како грее.
Најтешки надворешни услови за греење со клима се сега, магла и ниски темперарури.
Те молам извети ме за резултатот.