Ја прочитав целата тема бидејќи како и многу други овде и јас сум во дилема за тоа што,како,кој вид затоплување.Што е најекономично.По мојта логика од целиот избор што го имаме дојдов до два избори:
 
1.Греење(ладење) по принцип на топлинска пумпа, или
2.Греење по принцип на електролитни котли што го нуди чичко Кано
 
Имам спрат(поткровје) околу 100 м2 кој треба да почнам да го спремам па сум во дилема што е подобро од овие двете.
 
Првиот начин ми се чини ОК оти може со истата инвестиција и да се ладиш во лето.
 
Вториот начин на Кано исто ми се чини ОК (ако е баш така како што тој вели), друг не знам што нуди такво решение освен руските подморници кои не биле добри(така прочитав во овој форум).
 
Ајде за климите сите горе-доле знаеме за нив, ако купуваш веќе купи инвертер, и барем на секои две години викај мајстор за проверка(одржување) на истите (ниво на фреон, да се исчистат и внатрешната и надворешната единица итн.). Но за централното греење на Кано стварно не знам кои се негативните работи што може да се десат.Колку се трајни тие сонди што ги става, и би сакал Кано да каже кои се сите заебанции што може да ти се десат доколку користиш таков систем. Значи битно ми е и какво би било одржувањето.
 
Би било добро некој овде од поискуните да направи компарација меѓу овие два начини на греење.Еве на пример за простор од 100 м2(салон од околу 35м2 и две соби од по 15-20 м2) компарација.Колку би била инвестицијата (зборам за инвертер клими од подобрите брендови како Fujitsu,Mitsubishi или предложете вие што е најдобро да се купи тука во Македонија), какви би биле трошоците за одржување.
Сега знам дека Кано одма ќе каже не може да споредуваш централно радијаторско греење со греење на клима сплит систем.Сите знаеме дека централното е подобро ако збореме за комоција.Но ако имам централно радијаторско ќе треба да купувам клими за ладење и тоа барем две во мојот случај.Мене стриктно ме интересира каква ќе биде разликата во инвестицијата и во одржувањето на двата системи.
 
Знам дека многу важен елемент е и изолацијата, мислам дека и во тој дел тука има со искуство, па би сакал да прашам за совет во мојот случај.Куќата ми е фасадирана, но од внатре поткровјето нема ништо па така мислам дека ставање на изолација на надворешната страна ќе ме чини плус.Значи останува само да се стави изолација на надворешните ѕидови од внатрената страна на спратот(поткровје).Прашањето ми е каков вид на изолација.Едни велат стави камена волна, други велат стиропор, трети стаклена волна.Ме интересира што е разликата меѓу овие и што би било најдобро да се стави, во мојот случај што изолација за ѕидовите,што изолација за поткровјето и што за подот.Важно ми е секако и звучната изолација.