Замарај го чичко Google и ќе научиш нешто.Еве што најдов по македонските сајтови у врска со изолацијата.
Во што е разликата меѓу минералната, стаклената или камената волна?
Под минерална волна спаѓаат и стаклената и камената волна. Разликата меѓу стаклената волна и камената е во суровината од која се добиваат, технолошката постапка и финалните карактеристики на материјалот.
СУРОВИНА
За стаклена волна главна суровина е песокот од кремен и додадено рециклирано стакло, камената волна пак, се добива од базалт и диабаз со додавање на кокс.
ТЕХНОЛОШКА ПОСТАПКА
Разликата е во начинот на изработка на влакна, стаклените влакна се добиваат при долевање на растопини во ротори, камената пак, со долевање на растопината во ротациски ваљаци.
КАРАКТЕРИСТИКИ
Влакната од стаклената волна се поеластични и приближно 10 пати подолги. Повратната еластичност на влакната овозможува до 5-кратно компримирање што значи помал волумен при транспортот и складирањето, и помала маса. Вградувањето е поедноставно, затоа што не е потребно мошне прецизно сечење на материјалот на местото кадешто се вградува. По вградувањето не остануваат празни места, кои претставуваат топлотни мостови.
Ова е преземено од
http://www.ursa.com.mk/faq.html
Како што прочитав својствата на стаклената и камената волна и стиропорот во однос на топлинската спроводливост се скоро исти. Камената и стаклената волан се занемарливо подобри во однос на стиропорот. За звучна изолација стиропорот не се употребува туку камена или стаклена волна. Овие двете плус имаат предност во тоа што се огноотпорни.
Овие URSA се словенски и гледам дека некои наши фирми ги користат.Како што видов најголем број производи им се стаклена волна.
Ако има некој искуство било позитивно било негативно нека каже во врска со овие брендови.
--- надополнето: Dec 9, 2011 7:23 PM ---
А колку е цената на пелетите.. ?
И да заинтересиран сум за домашна употреба..да ти кажам право,преку глава ми е од дрва..купуј,сечи,цепи,складирај,реди,носи.. на струја не доаѓа во обзир, не сум по климите..така да ова ми се гледа примамливо.
Зошто струја не доаѓа у обзир?
Искрено порано кога некој ќе ми кажеше греам се на струја, имам централно на струја, ја се фаќав за глава, леле леле арно те дерат. Ама кога малку повеќе ќе се едуцираш ќе сванеш дека повеќето се рекла казала итн. Сега сум со мислење дека едно од најекономичните начини е на струја. Но не греење со греачи како што се греалките, туку со друга тенхологија, како онаа на Кано која ја користи, со електролитни котли, кој патем го чекам да даде мислење како стручњак за мојата дилема, или топлинска пумпа, технологија која ја користат денешните клими.
Ако мкд владе е во право за тие 100 евра месечно, тогаш за таа квадратура сум убеден дека овие двете погоре ќе ти бидат многу поекономични.