Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки. Да прашам за начин на затоплување на објект, ми се виде како соодветна тема за ова прашање, ако не канта нека оди.

Затпоплување на објект со радијатори, со котел во подрум кој ке биде на нафта. Колку би ме чинел отприлика таков котел, објектот содржи 43-44 соби димензии 3*4.

Благодарам многу.
Греењето на нафта или на ТНГ во денешни услови е многу скапо. Се работи за голем објект и мора да ја кажеш неговата намена. Најефтино е грење на дрво, јаглен, струја, а најдобро е комбинација. Дали предвидуваш изградба на централно греење или секоја проторија посебно ќе ја грееш? Дали целиот објект ќе го грееш?
 
Здраво дечки. Да прашам за начин на затоплување на објект, ми се виде како соодветна тема за ова прашање, ако не канта нека оди.

Затпоплување на објект со радијатори, со котел во подрум кој ке биде на нафта. Колку би ме чинел отприлика таков котел, објектот содржи 43-44 соби димензии 3*4.

Благодарам многу.
дали објектот има радиајтори или не? ако има какви се радијаторите, колкави се по димензија и која цевна инсталација е изведена (бакар, железо, алупласт или друго...). овие податоци се битни за да се израчунаат количините на течност и во едното и во другото. после тоа ке се израчуна која снага на котел и пумпа се потребни... за тој објект со површина од околу 550 квадрати во секој случај ке трошиш многу нафта...
 
Не можам да ставам директен линк ама лесно ќе се снејдете...
http://energetskaefikasnost.info
...Едно од прашањата за кои голем број на луѓе се интересираат е кој е најекономичен начин за греење во Македонија.
Сепак покрај овие видови на греење мошне малку се знае и малку е зборувано за греење со инфрацрвени грејачи за кои имаме пишувано во некои претходни текстови како и за греењето со електролитни котлиња на кое ќе се освртниме во онов напис...
 
Насловов на темава еј .....греење па додал објаснување дека е затоплување , демек може и за разладување да се употреби зборот греење ? ... нема везе ние одамна на дрва дома се грееме и е добро .... Струга нема како Скопје тоа централното ама слушам било многу скапо , него глеам лугево земаат некој дискови на плин што се и се задоволни од нив , со една боца од 600 денари скоро цел месец можеш да поминиш
 
Струга нема како Скопје тоа централното ама слушам било многу скапо
Па од централно македонско греење поголема клетва нема. Ем те краде, ем будала те прави. Биди си среќен што немате. Инаку на плин секаде се греат низ ЕУ , само јас не знам како би го извел тоа кај мене во стан.
 
инаку, мислам дека конвекторите први ги произвеле термор ... а АЕГ се најскапи, можеби вредат за парите ... и јас се мислев за АЕГ, ама кај мене разлика меѓу АЕГ и термор е 1400 ден. во цена, што не е малку ... и ваилант се германски ...
Jas si kupiv od rimeko, bunjakovec, bea na popust, i idea isto kako termor i valiant, edno 100-200 den poskapi bea.
3kw = 6500
2.5 kw = 5800
2 kw = 5400
1.5kw = 4700
1kw = 4200

Za nogarski se doplaka 650 den
 
Јас сум при крај со изборот што треба да го направам за греење, мислам дека ќе одам со посечениов модел долу на линков Mitsubishi Air Conditioning MSZ-GC35V.
Понудата е 850 евра комплет со монтажа и 3 години гаранција, има некој идеја дали може да се најде во Македонијава поефтино и подобро нешто од посочениов модел.

http://www.instarom.com/mitsubishi-air-conditioning-msz-gc35va-12000-btu-h-inverter-2593.html

det_img_b42e045aa9b5669.jpg

index.php
 
Не можам да ставам директен линк ама лесно ќе се снејдете...
http://energetskaefikasnost.info
...Едно од прашањата за кои голем број на луѓе се интересираат е кој е најекономичен начин за греење во Македонија.
Сепак покрај овие видови на греење мошне малку се знае и малку е зборувано за греење со инфрацрвени грејачи за кои имаме пишувано во некои претходни текстови како и за греењето со електролитни котлиња на кое ќе се освртниме во онов напис...

ај сега пошто веке сте го напишале ова, јас само чекав кога некој ке го постави текстов од енергетска ефикасност за да направиме компарација и да видиме кој што и од каде е мубаетов...

имено....
на линкот за електролитните котлиња кој е во цитираниов пост погоре со црвени букви убаво се чита дека е напишано на 10.ноември.2011

ај сега на сајтот на кано системи, од точка Б читајте на следниов линк http://www.kanosistemi.com.mk/content.php?id=73 и ве молам да ми ја покажете разликата на текстот освен неколкуте печатни грешки. инаку како го поставив сајтот текстуално пред 3 години и нешто, така не е пипнат, освен некој апдејт со фотки што сум му направил...

п.с. не се жалам, не го обвинувам човекот што пишал... не го познавам, но сеедно, ми направил реклама... фала му... а ке му пишам и јас сега...
 
Јас сум при крај со изборот што треба да го направам за греење, мислам дека ќе одам со посечениов модел долу на линков Mitsubishi Air Conditioning MSZ-GC35V.
Понудата е 850 евра комплет со монтажа и 3 години гаранција, има некој идеја дали може да се најде во Македонијава поефтино и подобро нешто од посочениов модел.

http://www.instarom.com/mitsubishi-air-conditioning-msz-gc35va-12000-btu-h-inverter-2593.html

det_img_b42e045aa9b5669.jpg

index.php

Имаш инфо или телефон од продавницата од каде што планираш да го земеш? И јас сум заинтересиран мегутоа за модел од 15000бту-18000бту.
 
Ја прочитав целата тема бидејќи како и многу други овде и јас сум во дилема за тоа што,како,кој вид затоплување.Што е најекономично.По мојта логика од целиот избор што го имаме дојдов до два избори:

1.Греење(ладење) по принцип на топлинска пумпа, или
2.Греење по принцип на електролитни котли што го нуди чичко Кано

Имам спрат(поткровје) околу 100 м2 кој треба да почнам да го спремам па сум во дилема што е подобро од овие двете.

Првиот начин ми се чини ОК оти може со истата инвестиција и да се ладиш во лето.

Вториот начин на Кано исто ми се чини ОК (ако е баш така како што тој вели), друг не знам што нуди такво решение освен руските подморници кои не биле добри(така прочитав во овој форум).

Ајде за климите сите горе-доле знаеме за нив, ако купуваш веќе купи инвертер, и барем на секои две години викај мајстор за проверка(одржување) на истите (ниво на фреон, да се исчистат и внатрешната и надворешната единица итн.). Но за централното греење на Кано стварно не знам кои се негативните работи што може да се десат.Колку се трајни тие сонди што ги става, и би сакал Кано да каже кои се сите заебанции што може да ти се десат доколку користиш таков систем. Значи битно ми е и какво би било одржувањето.

Би било добро некој овде од поискуните да направи компарација меѓу овие два начини на греење.Еве на пример за простор од 100 м2(салон од околу 35м2 и две соби од по 15-20 м2) компарација.Колку би била инвестицијата (зборам за инвертер клими од подобрите брендови како Fujitsu,Mitsubishi или предложете вие што е најдобро да се купи тука во Македонија), какви би биле трошоците за одржување.
Сега знам дека Кано одма ќе каже не може да споредуваш централно радијаторско греење со греење на клима сплит систем.Сите знаеме дека централното е подобро ако збореме за комоција.Но ако имам централно радијаторско ќе треба да купувам клими за ладење и тоа барем две во мојот случај.Мене стриктно ме интересира каква ќе биде разликата во инвестицијата и во одржувањето на двата системи.

Знам дека многу важен елемент е и изолацијата, мислам дека и во тој дел тука има со искуство, па би сакал да прашам за совет во мојот случај.Куќата ми е фасадирана, но од внатре поткровјето нема ништо па така мислам дека ставање на изолација на надворешната страна ќе ме чини плус.Значи останува само да се стави изолација на надворешните ѕидови од внатрената страна на спратот(поткровје).Прашањето ми е каков вид на изолација.Едни велат стави камена волна, други велат стиропор, трети стаклена волна.Ме интересира што е разликата меѓу овие и што би било најдобро да се стави, во мојот случај што изолација за ѕидовите,што изолација за поткровјето и што за подот.Важно ми е секако и звучната изолација.
 
za izolacija jas bi ti preporacal kamena volna
staklena volna ne postoi veke vo prodazba
stiroporot e lesno zapalliv materijal a kako izolacija zvucna ne brka rabota
kamena volna ke si stavis barem 70kg od m3 malku e mrsna ama ke imas dobra izolacija
a za greenje ladenje ne znam sto da ti preporacam go cekam cicko Kano sto ke mi preporaca on da mestam ke treba i jas da stavam nesto greenje ladenje
slusnav imalo sega nekoj nov sistem na greenje ladenje centralno
sve bilo na vozuh(mislam ventilaciono)
 
Има ли некој од тие еко спар печките што се на пелети.. па да каже како што , се исплати ли таа инвестиција ?
 
зависи за каде ти е и што очекуваш од неа. и дали обична или за парно. ама мислам дека има и тука членови кои имаат па нека споделат искуство како си врват и дали им се исплаќа инвестицијата.
мое лично мислење е дека обичната сосем добро служи во канцеларии и објекти каде струјата е индустриска, додека за домашна употреба незнам колку е исплатлива со овие цени на пелетите.
 
А колку е цената на пелетите.. ?

И да заинтересиран сум за домашна употреба..да ти кажам право,преку глава ми е од дрва..купуј,сечи,цепи,складирај,реди,носи.. на струја не доаѓа во обзир, не сум по климите..така да ова ми се гледа примамливо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom