Ептен некако ја направи бајка прикаскава. Повеќето тука имаме земено кинез со срце јапанец, а ти обратно јапанец со срце кинез.Хахахах демек ова што носи кинески компресор не прави дефрости. Тешко на луѓево што имаат оригинал даикин компресори
Инаку еве што е Прегледај го приврзокот 203908 Прегледај го приврзокот 203909Прегледај го приврзокот 203910[DOUBLEPOST=1548812179][/DOUBLEPOST]Ке му реплицирав на @јау993 ама се запишував и несакам да помисли дека постов е само за него...ЗА СИТЕ ВАЖИ!!!
Според мене Gree најдобри се од кинеските, подобри се некои модели од корејските, а некои модели блиску се и до јапонските. Gree е доста сериозна компанија која тежи милиони, милиони...
Кога на една зграда можам да видам 40-50% Gree клими не станува збор за крш од климатизер. Ок и цената тука има улога, но иметo Gree не е како некои брендови кои опстануваат две-три години па потоа сменуваат друго име, има наводно го нудат истиот квалитет па деловите се правеле незнам каде АМА БИТНО КВАЛИТЕТНИ БИЛЕ.
Gree oпстанале многу повеќе и тоа под истото име. Не треба да се зборува лошо за брендот кога еднинственото нешто што ги мачи сите е тоа дека се КИНЕСКИ. Кога некој нов би прочитал на форумов што се се пишува за Gree никогаш не би купил клима од тој бренд, а сето тоа е изнапишано од инат за Стрелчо и некои други. (ок признавам и Стрелчо и другарчињата ја претеруваат понекогаш)
Тоа што за Gree климите нема еуровент не треба да значи дека е лош и неквалитетен бренд. А ако некогаш почнат да прават и се покаже дека некои модели се поефикасни од некои корејски или јапонски ??? Тогаш шо прајме???
Да сум на местото од Стрелец секој ден ќе пишам по 10маил до еуровент и ќе ги убедам да направат барем за еден модел. (мене ми одговорија за 3 дена со направен еуровент за даикинот, и тоа само ги прашав дали ПЛАНИРААТ ДА НАПРАВАТ)
Тоа што имате јапонска клима дома не ве прави некои големи фраери. Да бевте толкави манги немаше да ги мерите секој ден колку трошат и сите по дома ќе имавте Уруру Сарара.
Секој сака да има скапа клима дома ама за жал некои немаат средства.
Затоа изнесете ги искуствата од климите што ги имате по дома, небитно дали е јапонска,кинеска,корејска,турска...
ДА НЕ ИМ ОТЕЖНУВАМЕ НА ТИЕ ШТО НЕМААТ СТРЕДСТВА ЗА СКАПА КЛИМА. ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ ДА БИДАТ СРЕЌНИ И ЗГРЕЈАНИ/ИЗЛАДЕНИ ЗА СУМАТА КОЈA ПЛАНИРААТ ДА ЈА ПОТРОШАТ ЗА КЛИМАТИЗЕР.
Незадоволни корисници секогаш ќе има од било кој бренд!!!
Кога GREE не го грее просторот тогаш нечини климата, а кога јапонец не грее тогаш нечини просторот?????
БИДЕТЕ ИСКРЕНИ И ДА СИ ПОМОГНИМЕ ДА ГО КУПИМЕ НАЈДОБРОТО ЗА СУМАТА КОЈА САКАМЕ ДА ЈА ПОТРОШИМЕ ЗА КЛИМАТИЗЕР.
И се некако ми се чини дека оваа нашава варијанта е подобра, во најмала рака ценовно а како што можам да заприметам и кориснички.
Немам ништо против никој бренд, но некако не ми влегува ова погоре јапанец со кинеско срце.
На пр. ова би дошло некако вака : google како компанија во нивните телефони да стави оперативен софтвер од ми на xiaomi. Нема логика некако, т.е. има логика ако компанијата бележи пад во некој сегмент од продажбата. Или ако сака да ги намали цените на продуктите за да стане конкурент на пазарот.
Последно уредено: