Ќе сакаш да кажеш како до тие 6000.
Во нив пресметуваш и радијатори и инсталација на истите....или ова е само Инвертерот наменет за вакво греење?
Повели:
http://energija.com.mk/doc/Case_Study_Carrier30AWH.pdf
За второто болдирано....затоа димензионирањето е битно при изборот...ако за 140м2треба пример 14KW уред при нормални температури се зима 16 или 18KWтна надворешна за и на -15 даде сигурни 14KW..
Не се слагам со твоето мислење околу предимензионирање на надворешната единица. Зошто? Затоа што моќноста на надворешната единица нема никаква врска со надворешната температура.
По оваа логика ако за греење во една соба од 15 квадрати со висина на плафон од 2.6м ти треба клима со капацитет од 2,5 киловати, за да се грееш зимно време ке треба со време да си купиш 5-ка за да ти испорача 2?
Стварно нема логика...
Друга работа е принципот не изведба на самата топлинска пумпа. Инвертер или не зависи од производителот...
На пониски температури во системот се вградува и котле на стуја бидејќи е невозможно да се згрее водата на 60 степени за да има нормално греење.
Мултисплит со 4-5 внатрешни единици,.
Мултисплит е за оној кој има многу пари, затоа што ако ти рикне нешто од надворешната единица ке немаш ниту ладење ниту греење. Тие што имаат многу пари секогаш имаат втора опција. Мултисплит не е баш нешто многу корисно по мое мислење. До две простории, ајде, но три, четири, нц...Ризик јак а мила душа
, или втора варијанта каналска изведба каде покрај надворешната единица има внатрешна каналска која преку лимени канали дистрибуира топол/ладен воздух до сите соби. Варијанта тешко изводлива за стан, но во куќа може да се изведе каналите да одат на таванот т.е. над плоча, за некој што гради или мисли да гради ова решение е многу економично ако се испланира пред градењето
Ова се таканаречени VRF системи и се крајно непрактични за да се вградат и користат дома. Незнам дали си имал искуство да седиш во простории каде што има вградени вакви системи и колку долго си седел во тие простории...За деловни простори, паааа, и не баш, но за хали, хангари, каде што има голема фреквенција на луѓе итн итн се одлични.
Циркулацијата на воздухот ствара нелагодност, постојано чувство дека си на некаква промаја и ветрометина па јас не би го препорачал никому за во домашни услови.
Тука треба да се спомене и одрзувањето, односно редовна промена на филтри, чистење на каналите итн итн.
Економично и практично, но не за домашни услови...
Најдобра варијанта е топлинска пумпа за стамбен објект како во линкот што го наведов. Уште ако се има пари да се инвестира во фенкојлери кои зиме ке топлат а лете ке ладат, тоа е перфекција. За најстудените денови сила ке дава електричното котле.
Тоа планирам перспективно да го направам но само за греење. Имам нов парно систем, класични радијатори и нема да ми користат летно време.
Инвестицијата во пумпата само за греење ке треба да се враќа подолгорочно, а се додека не се решам да набавам, ке терам со комбинација од клими и котле на струја Vaillant од 24 киловати кое има многу добро дизајнирана електронска контрола за стартот на греење, одржувањето на температурата, циркулацијата итн.