Vnuce
http://abix.mk
Некако останатите темни пива мене ми се тешки. Оние европски темни кои сум ги пиел ми имаат чуден вкус, ама Лашкото темно е фантастично. Среќа што од темни пива кај нас е толку распространето, па можеме да уживаме и во него.![]()
Добро.. зависи и на што си налетал, и што ти праи мерак

Пример, кај нас на што сум налетал од темни пива...
Гинис, како Стаут.. категорија сам за себе, нели... му нема рамно пиво (али не се наоѓа секаде

Темното Амстел, кое што е Бок, и е поприлично тешко, и на најголемиот дел од луѓето не им се допаѓа... затоа и го нема воопшто кај нас веќе со години
Ефесот... еднаш само го имам пробано.. а чим само еднаш сум пиел некое пиво - не ми се допаѓа

Лашкото, од друга страна.. си е прилично лесно, вкусно и распространето... добитна комбинација

Не ми текнува што друго темно има низ Скопјево распространето (со исклучок на beershop-от

